Ибрахимовиќ: „Јунајтед може да ја освои титулата, а навивачите се извонредни“

Ибрахимовиќ: „Јунајтед може да ја освои титулата, а навивачите се извонредни“

Златан Ибрахимовиќ верува дека Манчестер Јунајтед има сили да ја освои овогодинешната титула во Премиер Лигата, воедно давајќи им огромен комплимент на домашните фанови како најдобри навивачи пред кои тој воопшто играл во својата пребогата фудбалска кариера.

Ибрахимовиќ одлично ја започна сезоната во Англија, постигнувајќи 3 гола на првите два меча, но според него ова е само почеток и тој очекува да постигне уште повеќе голови за клубот како би помогнал во напорите за освојување на титулата во ПЛ.

„Верувам дека можеме да ја освоиме титулата, имаме визија и само треба да продолжиме како до сега против сите противници без разлика на нивното место на табелата. Иако постигнав 3 гола засега, тоа е во втор план, бидејќи најважни се двете победи и 6-те поени кои ги прокниживме.“

„Важно е да се победува, а не кој ги постигнал головите. Премиер Лигата е долга, јас ќе работам напорно и се надевам дека ќе се подобрувам уште повеќе како ќе минува сезоната, како уште поефективно би и помогнал на екипата.“

„Навивачите на Јунајтед се извонредни, секојпат кога настапувам пред нив ги чувствувам како тие да се 12-иот играч на теренот. Сум играл во многу клубови и пред огромен број на фанови, но навивачите тука се најдобри.“

Долгогодишен фан на Јунајтед, со посебен интерес за историјата на клубот. Најмногу активен со аналитички текстови на сајтот.

Коментари

коментари