За нас

Manchester Is My Heaven е сајт формиран од тројца фанови на клубот кои имаа идеја за малку поинаков пристап кон информациите за и околу Манчестер Јунајтед. Овој портал ќе се обиде со еден критичко – аналитички пристап да ви ги долови оние занимливости, актуелни новости директно поврзани со клубот, надополнети со разни колумни и сопствени анализи за состојбите околу клубот.

Manchester Is My Heaven нема да биде типичен домашен фан сајт како што фановите на клубовите надвор од нашата земја се навикнати да следат. Преводот и пласманот на секојдневните вести поврзани со Јунајтед секако ќе биде застапен, но изјавите и активностите на клубот ќе бидат анализирани па потоа ќе се постават за сите оние што поблиску ги следат состојбите околу клубот, бидејќи тимот на Manchester Is My Heaven смета дека фановите на ѓаволите најмногу преку официјалниот сајт на клубот ги следат најновите вести, додека пак ретко може да се причита нивна анализа, а таа да не доаѓа од странски веб портал. Токму таквиот осврт на тие информации беше главниот мотив и двигател за започнување со работа на овој сајт.

Нашиот сајт редовно и поблиску ќе ја следи и анализира финансиската состојба и долгот на клубот, историските настани, развојот на познатата академија, трансфер целите и воопшто ќе ги анализира сите поважни актуелни моменти поврзани со Јунајтед.

Зошто Manchester Is My Heaven?

Во 1956 – та година претседателот на Реал Мадрид, Сантијаго Бернабе согледувајќи ги менаџерските квалитети на Сер Мет Базби му го нуди местото на тренер на тогаш доминантната светска фудбалска сила во светот. Неговата понуда гласи: „Замени го Манчестер со Мадрид и ќе ти го дадам рајот.“ На ова Сер Мет реплицира: „Манчестер е мојот рај“ и со тоа ја одбива понудата за тренерското место во Реал кое и до ден денес важи за можеби најпосакувано во светот.

Токму симболиката на Manchester Is My Heaven е причината поради која администраторскиот тим реши сајтот да го добие ова име. Тоа ја отсликува сликата на вистинските поддржувачи и луѓе на кои Манчестер Јунајтед им значи повеќе од само обичен фудбалски клуб. Овие четири зборови ја означуваат љубовта, лојалноста и посветеноста кон клубот кој до денешен ден се главните три постулати врз кои функционираат ѓаволите.

За сите молби, прашања, критики и пофалби ве молиме да нè контактирате на нашиот официјален меил, а ние во најкраток можен рок ќе ви дадеме одговор.

contact@manchesterismyheaven.com