Veni, vidi, vici – Robin van Persie

Veni, vidi, vici – Robin van Persie

Летечкиот Холанѓанец по три успешни сезони си заминува од Олд Трафорд, тој му се придружува на Нани во Турција. 

Англиската Премиер Лига ќе го памети Робин ван Перси како еден од најсмртоносните напаѓачи во својата историја. Холанѓанецот ги тресеше мрежите во Арсенал и Манчестер Јунајтед, но само во еден од овие два клуба ја исполни својата цел. Тој во 2012 – та година за сума од 24 милиони фунти се пресели од Лондон во Манчестер за да освои трофеј од англиската Премиер Лига и уште во својата деби сезона успеа во тоа.

Робин ван Перси ќе остане врежан во историјата на Манчестер Јунајтед како најдобриот дебитант кој воедно во својата прва сезона исто така беше најдобриот стрелец во лигата. Комплетен напаѓач од светска класа, можеби најдобриот за последната декада, оној Робин од сезоната (2012/2013). Бестрашен играч кој ладнокрвно ги тресеше противничките мрежи, беше најдобриот играч на клубот и најзаслужниот за 20 – та титула. Со пензионирањето на Сер Алекс Фергусон и промената во Дејвид Мојс тој доживеа една “сушна”, но сепак солидна сезона во која постигна значајни погодоци против Баер Леверкузен, Арсенал и секако хет – трикот против Олимпијакос. Минатата сезона беше онаа со најмалку погодоци за Робин, но повторно тој беше еден од најважните играчи на тимот, гол против Челзи, Ливерпул, победа против Саутемптон. Луис ван Гал беше менаџерот кој пред само една година го направи капитен за Холандија на мундијалот во Бразил, а сега се одлучи да го продаде. Тоа ја покажува неговата професионалност и желба за успех со Манчестер Јунајтед. Робин ван Перси имаше уште една година од договорот со клубот и екстремно висока плата која со овој трансфер во Фенербахче му заштедува на клубот преку 15 милиони фунти. Холанѓанецот во август ќе наполни 32 години и повеќе не е играчот кој беше најзаслужен за последната титула од лигата. Може да се каже сосема правилна одлука со оглед на тоа дека тој ќе беше втор напаѓач позади Вејн Руни или можеби трета опција доколку пристигне нов. Исто така Робин сам е свесен дека му се потребни натпревари со оглед на Европското Првенство кое се игра во Франција следната година. Холанѓанецот си заминува за сума од околу 5 милиони фунти.

По три изминати сезони Манчестер Јунајтед и Робин ван Перси можат да кажат дека се задоволни од соработката каде заедно ја освоија историската 20 – та титула и неверојатни моменти и погодоци како победничкиот гол против Манчестер Сити во дербито. Холанѓанецот беше пречекан како бог во Турција како што воедно и заслужува, тој ќе биде запаметен во Манчестер како играчот кој е најзаслужен за 20 – та титула и последното големо засилување на Сер Алекс Фергусон. Мал е бројот на играчи кои можат да се пофалат со зборовите како Робин, тој кога пристигна изјави зошто го презема бројот „20“, за освојување на 20 – та титула…

#ThankYouRobin

Коментари

коментари