Важна победа со нов гол на Џејмс Вилсон против силниот Тотенхем

  • во

Џејмс Вилсон и неговите соиграчи се сè поблиску до завршната фаза од Премиер Лигата по победата над Тотенхем на Вајт Харт Лејн.

По победата над Астон Вила минатиот понеделник У21 вчера имаа тешко гостување кај Тотенхем и мечот се играше на стадионот на првиот тим, познатиот Вајт Харт Лејн. Според очекувањата ова беше едно тешко гостување за нашите млади играчи бидејќи Тотенхем исто така поседува голем број на талентирани играчи од кои се очекува во иднина да прераснат во водечка сила на овој тим. Покрај овој факт за вчерашниот меч во Тотенхем имаше и неколку играчи од првиот тим кои се рехабилитираат од повреда или пак им се потребни натпревари, тоа беа Зеки Фраерс нашиот поранешен играч, откровението на Тим Шервуд играчот од средниот ред Набил Бенталеб и неуморливиот Белгиец од средниот ред Муса Дембеле. Но ова не претпоставуваше проблем за нашите млади играчи, како пример ќе го земеме Џејмс Вилсон кој во декември минатата година наполни 18 години а тој вчера повторно беше најдобриот поединец на теренот тероризирајќи ги играчите на Тотенхем секаде каде што ќе ја примеше топката, едноставно тие немаа одговор за неговата игра но тоа не се новости бидејќи досега сите останати тимови кои се соочија со овој играч беа во слична ситуација. Вилсон го постигна и единствениот гол на натпреварот во второто полувреме кога од работ на шеснаесетникот шутираше прецизно за 0 – 1. Во текот на првото полувреме подобар беше Тотенхем кој имаше неколку шанси но Бен Амос и Чарни Екангамен ја отстранија опасноста.

XI: Амос, Варела (Вир 20′), МекНер, Екангамен, Џејмс, Пирсон, Ротвел, Јанко, Переира, Раули (Хероп 78′) и Вилсон.

Со оваа победа нашиот млад тим е сè поблиску до првите четири места на табелата и пласман во завршната фаза т.н. Final 4 од Премиер Лигата каде го браниме трофејот. Моментално се наоѓаме на делба на петтата позиција на табелата со 35 бода колку што има и Манчестер Сити. Со победи на последните два натпревари ќе се искачиме дури на втората позиција на табелата.

Нашиот следен натпревар го играме веќе задутре против Норич на Олд Трафорд, со победа на овој меч можеме да го завериме пласманот помеѓу првите четири позиции на табелата.

Коментари

коментари