У21 пропуштија златна шанса да го заверат пласманот во завршната фаза од Премиер Лигата

  • во

На вчерашниот натпревар против Норич на Олд Трафорд нашиот млад тим пропушти шанса да го завери пласманот во завршната фаза од Премиер Лигата.

Во понеделникот тимот на Ворен Џојс оствари значајна победа над Тотенхем на Вајт Харт Лејн со која се приближи и беше на работ од пласман во овогодинешниот Final 4 од Премиер Лигата. Сè што беше потребно да се направи беа три бода против екипата на Норич на Олд Трафорд со што ќе го заверевме учеството и пласманот помеѓу најдобрите четири тима, но за жал тоа не се случи.

Првото полувреме беше прилично непрепознатливо за нашиот тим бидејќи иако имавме иницијатива не создадовме вистински шанси со кои можевме да го загрозиме голот на гостите. На почетокот од второто полувреме Џејмс Вилсон ја напушти играта бидејќи не беше подготвен за цел натпревар и на негово место во игра влезе Џејмс Вир. Тој се покажа како одличен избор бидејќи до 76 – та минута постигна два погодоци со кои мислевме дека ги имаме трите бода и обезбеден пласман но тоа не се оствари бидејќи само неколку минути подоцна Норич имаше пенал кој го искористи и во судиското продолжение успеа да постигне уште еден гол за реми од 2 – 2.

XI: Кастро Переира, Варела, МекНер, Екангамен, Џејмс, Пирсон, Ротвел, Јанко, Переира, Раули и Вилсон (Вир 52′).

Со ова реми нашиот тим се оддалечи малку од првите четири места на табела но сè уште има големи шанси за пласман во завршната фаза. Моментално се наоѓаме на четвртата позиција која нè носи во следната фаза но Манчестер Сити има натпревар помалку на кој со победа може да се искачи за едно место погоре од нашиот тим. Последна шанса за нас е воедно и последното коло и мечот против Ридинг на гостински терен идниот четврток. Потребна ни е победа од тој натпревар за да се бориме за одбрана на титулата.

Коментари

коментари