Тешка победа над Лестер во ФА Куп

Младиот тим се пласираше во 1/8 финалето од ФА купот по тешко издвојуваната победа на гостински терен кај Лестер.

Во претходното коло од ФА купот нашиот тим се пласираше понатаму по победата над Барнли на гостински терен. Сега повторно тие играа на гостински терен и остварија победа.

Тимот на Пол МекГинис драстично беше ослабен за овој натпревар бидејќи напаѓачот Џејмс Вилсон на тренинг се здобил со повреда на зглобот на ногата и го пропушти вчерашниот натпревар. Покрај Вилсон натпреварот го пропушти и Ешли Флечер кој оваа сезона е во одлична форма за У18 тимот.

Во првото полувреме битката била на средината од теренот и нашиот тим се заканил преку Џошуа Хероп и Андреас Переира но тоа не било доволно добро за да се загрози голот на Лестер. Голманот од нашиот тим, Џоел Кастро Переира, бил одличен и одбранил неколку тешки удари, тој бил најдобриот играч во првото полувреме и причината зошто на полувреме тимовите заминале при резултат 0 – 0.

Во второто полувреме тимот изгледал поопасно и имал неколку шанси но повторно не успеал да постигне гол, истото важело и за Лестер иако тие имале подобри шанси но било невозможно да се совлада Кастро Переира на голот. Најзрелата шанса во нашиот тим ја имал Андреас Переира кој од слободен удар бил блиску до постигнување на гол. И после 90 минути резултатот бил нерешен со што следеле продолженија од по 15 минути.

Во првото продолжение поточно во 101 – та минута конечно бил пробиен бедемот на Лестер и Андреас Переира постигнал гол. Асистент бил Хероп кој ја спровел топката до белгиецот а неговиот удар се одбил од еден од играчите од Лестер и завршил во голот. До крајот на мечот Лестер се обидел да стигне до израмнување но не успеал поради одличните Џоел Кастро Переира и Рајан МекКонел.

Андреас Переира го постигна голот за пласман во 1/8 финалето од ФА купот.

Андреас Переира бил капитен на овој натпревар и го постигнал единствениот гол. Ова се добри знаци и веќе треба да сноси поголема одговорност со оглед на потенцијалот кој го поседува. Се очекува и целосно негово промовирање во У21 тимот доколку продолжи со добрите игри.

Исто така Џоел Кастро Переира бил маестрален на овој натпревар и можете да погледнете дел од неговите одбрани на ова видео а и голот (7.20) на Переира на второто видео како и перформансот од целиот натпревар.

Тимот кој настапил на овој натпревар.

XI: Кастро Переира, Еванс, МекКонел, Јоану (Бортвик – Џексон 117′), Барбер, Гос, Вилок, Јанко, А.Переира, Хероп (Рајли 113′) и Решфорд (Мичел 80′).

Оваа победа го носи тимот во 1/8 финалето од младинскиот ФА Куп и повторно дуел на гостински терен. Во 1/8 финалето тимот ќе се сретне со Хадерсфилд, мечот ќе биде одигран во средината на месец февруари.

Следниот натпревар У18 го играат на 25 – ти јануари против Њукасл на домашен терен во рамките од Премиер лигата.

Коментари

коментари