Со маестралниот гол на Андреас Переира против Ливерпул У21 се пласираа во финалето од Премиер Лигата

  • во

Андреас Переира постигна фантастичен гол со кој У21 го победија Ливерпул и се изборија за пласман во финалето од Премиер Лигата каде ќе го бранат трофејот.

Ворен Џојс за овој натпревар се одлучи за единаесетмината кои се редовни од јануари месец па сè досега. Тоа резултираше со солиден почеток кога ја имавме иницијативата и требаше веќе да бидеме во водство бидејќи еден од дефанзивците на Ливерпул по грешка ја додаде топката до Џејмс Вилсон кој за жал ја погоди само стативата. По првите 15 минути Ливерпул почна да игра сè подобро но не успеа да создаде сериозни шанси што не беше случај со нашиот тим. По еден корнер Патрик МекНер шутираше и малку недостасуваше топката да заврши во голот но голманот на Ливерпул успеа да стигне до топката и успеа да го задржи Ливерпул во егал. Но и покрај тоа што Ливерпул го имаше поседот на топката нашиот тим постигна гол, и тоа необичен гол тоа беше едно ремекдело кое ретко се гледа на мечевите низ светот општо. Андреас Переира од 30 метри шутираше маестрално и топката заврши во голот, сè што ќе напишеме едноставно ќе биде недоволно за да го опишеме голот, затоа имате можност да го погледнете. Фантастичен гол на Переира пред крајот на првото полувреме, најпогодниот период за постигнување гол. На полувремето тимот на Ворен Џојс замина со предност од 0 – 1.

Ливерпул во второто полувреме повторно го имаше поседот на топката но како и во првото полувреме тие не создадоа некои посериозни шанси. Во 57 – та минута Џо Ротвел го напушти теренот поради повреда на задната ложа и во игра влезе Џејмс Вир. Веднаш по извршената замена Ливерпул имаше зрела шанса но Амос го одбрани ударот. Во 62 – та минута стоперот на Ливерпул, Паез по еден корнер шутираше во рамките на голот со глава но повторно Амос беше поуспешен. Во 70 – та минута Бен Пирсон шутираше од надвор од шеснаесетникот но Фултон, голманот на Ливерпул го одбрани ударот по што топката повторно се врати до Пирсон кој не успеа да ја смести во голот. Како се ближеше крајот на мечот поседот на топката го контролираше токму Бен Пирсон на средината од теренот и со тоа Ливерпул немаше шанса да се закани и да постигне гол со кој ќе го израмни резултатот. Повредениот Вилсон не успеа да го заврши мечот и беше заменет во 83 – та минута со Џошуа Хероп. Во последните пет минути од крајот на мечот Ливерпул можеше да се избори за продолженија но Тешеира шутираше покрај голот на Амос. Мечот заврши о – 1.

XI: Амос, Варела, МекНер, Екангамен, Џејмс, Ротвел (Вир 57′), Пирсон, Јанко, Лоренс (Лав 89′), Переира и Вилсон (Хероп 83′). (4 – 2 – 3 – 1)

Ова е неверојатен успех за Ворен Џојс бидејќи навистина е чудо како овој тим стигна до финалето, преку 40 играчи играа за У21 оваа сезона и тоа поголемиот дел од втората полусезона беа од У18 тимот. Во денешното 1/2 финале сосема заслужено победи нашиот тим бидејќи Ливерпул играше слабо иако мечот се играше на Енфилд, тие не покажаа дека заслужуваат да се најдат во финалето за разлика од избраниците на Џојс. Тренерот исто така беше одличен од тактичка гледна точка бидејќи Варела имаше задача низ целиот меч да го чува најдобриот играч на Ливерпул, Тешеира со што беше елиминирана најголемата опасност.  Ова е втора сезона како го елиминираме Ливерпул во 1/2 финалето откако минатата сезона на Олд Трафорд ги елиминиравме со 3 – 0. Во финалето нашиот тим ќе се сретне со Челзи кои оваа сезона завршија како првопласирани во У21 Премиер Лигата од регуларната сезона и имаат голем број на одлични млади играчи. Финалето ќе се игра кај Челзи најверојатно поради тоа што беа подобри на табелата во регуларната сезона инаку Сините вчера по изведувањето на пенали го елиминираа Манчестер Сити.

Коментари

коментари