Сезоната ни започнува на Олд Трафорд, Вест Хем е првиот противник

Сезоната ни започнува на Олд Трафорд, Вест Хем е првиот противник

Новата премиерлигашка сезона започнува за два месеци на Олд Трафорд, Вест Хем е првиот тим кој ќе ни се спротистави, а првото дерби го играме во октомври. Целосен распоред и издвоени најважните мечеви во сезоната…

Денеска го дознавме распоредот за новата натпреварувачка сезона од англиската Премиер Лига, за разлика од минатата година сега имаме релативно подобар распоред каде ждрепката одлучи дерби натпреварите да бидат распоредени и измешани со полесни мечеви, ако може да се каже дека има такви во Англија.

Сезоната започнува викендот на 12/13 август, односно само неколку дена после европскиот Супер Куп, а на Олд Трафорд во првото коло гостува Вест Хем. Првиот дерби натпревар ни е на Енфилд на 14 – ти октомври, додека домашното дерби со Сити го играме на 9 – ти декември на Олд Трафорд. Најтешкиот период во сезоната според распоредот ќе ни започне со гостувањето на Енфилд во октомври па сè до 4 – ти ноември кој завршува со гостување кај Челзи, а притоа имаме мечеви од Лигата на шампионите и го пречекуваме Тотенхем. Во прилог ќе ви ги издвоиме сите дерби мечеви, а останатиот распоред имате можност да го погледнете на следниот линк, а наскоро и на нашата страна!

Ливерпул vs. Манчестер Јунајтед (14 октомври) Манчестер Јунајтед vs. Ливерпул – (10 март 2018)

Манчестер Јунајтед vs. Тотенхем  (28 октомври) Тотенхем vs. Манчестер Јунајтед – (31 јануари 2018)

Челзи vs. Манчестер Јунајтед (4 ноември) Манчестер Јунајтед vs. Челзи (24 февруари 2018)

Според распоредот кои сигурно ќе подлежи на измени, сезоната се очекува да заврши на 13 – ти мај на Олд Трафорд во дуел против Вотфорд.

Коментари

коментари