Сер Алекс Фергусон ја доби улицата која ќе го носи неговото име •

Денес нашиот поранешен менаџер ја доби улицата која ќе го носи неговото име.

Како што најавивме пред еден месец така денес тоа и се оствари. Сер Алекс Фергусон доби улица во негова чест близу Олд Трафорд.

Улицата која претходно се викаше “Water’s Reach” води директно до Олд Трафорд

Со овој гест се зголемува симболиката во близина на Олд Трафорд бидејќи веќе има една улица која го носи името на еден наш менаџер, Сер Мет Базби.

Сер Алекс Фергусон изјави дека е голема чест тоа што го прави советот на градот Манчестер за него и му се заблагодарува на клубот кој пред 26 години го сменил неговиот живот.

На 24 октомври Сер Алекс Фергусон ќе ја издаде и својата автобиографија.

Коментари

коментари