Сер Алекс Фергусон добива уште едно признание

Улица во близина на Олд Трафорд ќе биде преименувана во чест на Сер Алекс Фергусон.

Советот на градот Манчестер и општината Трафорд одлучија да му оддадат чест на Сер Алекс Фергусон со тоа што ќе преименуваат улица близу Олд Трафорд во негова чест. Новото име ќе биде – ‘Sir Alex Ferguson Way’

Улицата се наоѓа спроти уште една која е во чест на Сер Мет Базби ‘Sir Mat Busby Way’ и со тоа ќе се дополни симболиката околу Олд Трафорд.

Сосема заслужено бидејќи Сер Алекс Фергусон има многу направено за градот Манчестер преку успесите со фудбалскиот клуб. Шкотланѓанецот изјави дека е почестен поради овој настан и не верувал во 1986 – та година кога пристигнал во клубот дека може едно ваквo признание да му биде оддадено од градот и општината. Секако тој со радост ја прифаќа оваа одлука.

Да не заборавиме, Сер Алекс Фергусон за 25 годишнината во Манчестер Јунајтед доби и трибина со своето име на Олд Трафорд.

Сосема заслужено.

Коментари

коментари