Сан Хозе е првата жртва на Депај, триумф над американскиот тим

Сан Хозе е првата жртва на Депај, триумф над американскиот тим

Дебитантски погодоци за Депај и Переира во победата над Сан Хозе, Манчестер Јунајтед го забележа вториот триумф на турнејата во САД.

Манчестер Јунајтед го совлада Сан Хозе на Аваја стадионот со 3 – 1 каде дебитантски погодоци постигнаа Мемфис Депај и Андреас Переира, а Хуан Мата исто така се запиша во листата на стрелците. Како и на првиот натпревар така и сега Ван Гал изведе сосема два различни тимови во првиот и вториот дел, каде вторите 45 минути беа шанса за младите играчи како Лингард, Јанузај, Переира и Вилсон.

Хуан Мата со удар од работ на шеснаесетникот го совлада голманот на Сан Хозе за водство од 1 – 0 додека Депај постигна гол по грешка на одбраната и имаше лесна задача. Манчестер Јунајтед исто така го прими првиот погодок на турнејата кога Алаши го совлада Сем Џонстон од петтерецот. Точка на натпреварот стави Андреас Переира по фантастична акција и центаршут на Лингард при соработката со Андер Ерера. Бразилецот ја смести топката со глава во противничкиот гол и го остави голманот немоќен помеѓу стативите.

Како најдобар поединец повторно можеме да го издвоиме Переира кој беше одличен и сега ротираше и на позицијата позади напаѓачот со Јанузај, исто така Депај одигра добар натпревар како и Дармијан. Со овој триумф Манчестер Јунајтед е на 3 – та позиција во Интернационалниот Куп каде има исто бодови со Пари Сен Жермен додека како лидер е ЛА Галакси поради четирите одиграни натпревари. Ова беа првите мечеви против релативно лесни противници додека сега следат европскиот и францускиот шампион. Ван Гал најави дека против Барселона ќе видиме нов тим кој ќе одигра 60 минути што е поразлично од досегашните мечеви против Америка и Сан Хозе. Натпреварот со Барселона го играме во сабота со почеток од 22 часот.

Коментари

коментари