Реми со Ливерпул како увертира за дербито на првиот тим

Младиот тим се врати на победничките патеки по петте порази во низа но на последниот натпревар одигра нерешено со што се оддалечи од местата кои водат во завршната фаза од Премиер Лигата но има уште доста мечеви до крајот на сезоната.

Тимот на Пол МекГинис имаше лоша серија сочинета од порази кои може да бидат клучни на крајот од оваа сезона. Серијата од пет порази лошо влијаеше на тимот и тоа не чинеше и елиминација од младинскиот ФА Куп. По изгубениот натпревар од Хадерсфилд кој значеше елиминација од купот ни следеше дуел против Мидлзборо и тоа беше натпревар која мора да се добие, тоа и се случи и младиот тим се врати на победничките патеки со огромна победа. Тие издвојуваа победа од 5 – 1 а головите ги постигнаа Девонте Редмонд (2), Рури Кроскери, Џошуа Хероп и Деметри Мичел. На видеото имате можност да го погледнете голот на Девонте Редмонд (0.59) за водство како и голот на Рури Кроскери (2.02), на овој натпревар овие двајца играчи одлично соработувале.

Вчера одигравме меч против Ливерпул како увертира за дербито на првиот тим идната недела. Ова беше еден значаен натпревар на кој со победа можевме да се доближиме до првите позиции на табелата но тоа не се случи бидејќи натпреварот заврши 1 – 1. По подолг период се врати напаѓачот Ешли Флечер кој имаше операција на коленото и тој уште во 8 – та минута го доведе тимот во водство по асистенцијата на Мичел. Но само неколку минути траеше водството бидејќи пет минути подоцна Ливерпул успеа да израмни со што го постави и конечниот резултат. На овој натпревар треба да се издвои перформансот на крилото Деметри Мичел кој игра се подобро од натпревар во натпревар. Исто така треба да се напомене дека на последните неколку натпревари има се поголем број на млади играчи од У16 тимот кои добиваат шанса на ова ниво.

XI: Кастро Переира, Тванзебе (Вилијамс 83′), МекКонел, Јоану, Бортвик – Џексон, Рајли, Гос, Рашфорд (Кехинде 78′), Хероп, Мичел и Флечер (Томпсон 70′).

Со ова реми се наоѓаме на 4 – та позиција на табелата и со 13 бода помалку од второпласираниот Евертон. Но ние имаме и два натпревари помалку и доколку успееме да оствариме победа на овие мечеви ќе ја намалиме предноста на 7 бода. Првиот и вториот тим на табелата поминуваат понатаму во 1/2 финалињата од Премиер Лигата или т.н. плејоф фаза.

Следниот натпревар го играме следната сабота на гостински терен против Њукасл, меч кој треба да се добие за да се направи притисок во однос на тимовите кои се пред нас на табелата.

Коментари

коментари