Рекорден прилив на финансии за клубот од почетокот на сезоната

Рекорден прилив на финансии за клубот од почетокот на сезоната

Нашиот клуб оствари рекорден прилив на финансии од почетокот на сезоната во првите четири месеци.

Добрата работа со комерцијалниот дел на клубот и потпишувањето со нови спонзори или обновување на договори со старите вроди плод и нашиот клуб оствари рекорден прилив на финансии за месеците август, септември, октомври и ноември.

Новите спознори како авионската компанија Аерофлот и познатиот пијалак Пепси имаа голем удел во овој профит но тука се и ТВ правата од натпреварите на клубот.

За првите четири месеци од новата сезона има прилив на финансии од 98 милиони фунти што е за 29% повеќе од минатата сезона. Од овие финансии чистиот профит е во износ од 22 милиони фунти и пораст од 36% во однос на минатата сезона.

Нашиот извршен директор Ед Вудвард изјави дека е презадоволен од овие новости и дека се очекува да продолжи профитот да расте во следните месеци поради добрата работа со комерцијалниот дел од клубот.

Ова се одлични вести за клубот бидејќи долгот драстично се намалува и за очекување е во некоја од следните сезони да биде целосно исплатен додека приливот на финансии и чистиот профит рапидно растат.

Коментари

коментари