Премиер Лига | Пред нашиот дуел со Њукасл

Премиер Лига | Пред нашиот дуел со Њукасл

Њукасл е третиот противник за Манчестер Јунајтед во англиската Премиер Лига, Стив МекКларен и неговите избраници гостуваат на Олд Трафорд по бурното трансфер лето со млади засилувања…

Клубот на Мајк Ешли, сопственикот на Њукасл, имаше бурно лето на трансфер пазарот каде доведе пет нови засилувања, а исто така и нов менаџер, поранешниот асистент на Сер Алекс Фергусон, Стив МекКларен. Англичанецот направи неколку позитивни промени и го надогради костурот на тимот составен од Крул, Колочини, Сисоко и Сисе со млади, квалитетни играчи од кои се очекува во иднина да бидат носители на тимот. Њукасл како такви ги доведе Шасел Мбемба од Андерлехт, Џорџинио Вајналдум од холандскиот шампион ПСВ, Тони од Нортемптон, Александар Митровиќ исто така од Белгија и Андерлехт и последното засилување Флориaн Тојвaн од Олимпик Марсеј. Францускиот крилен напаѓач пристигнува за висока сума и притоа Реми Кабеља кој замина во спротивна насока, брзоног дриблер со дискутабилен карактер кој во Франција блескаше на моменти. МекКларен сака брз фудбал во формација 4 – 3 – 3, затоа го користи и нашиот поранешен играч Габриел Обертан во својата ротација.

Њукасл и покрај сите трансфери слабо ја започна сезоната и има само еден бод, во минатото коло тие загубија во Велс од Свонси со 2 – 0. Нивниот десен бек, Холанѓанецот Дарил Јанмат доби црвен картон поради кој ќе го пропушти утрешниот натпревар на Олд Трафорд. МекКларен нема проблеми со повредени играчи и се очекува да настапи во сличен состав од минатиот меч.

XI: Крул, Думет, Мбемба, Колочини, Хаидара, Анита, Колбек, Вајналдум, Сисоко, Обертан и Сисе.

Папис Сисе иако игра во променлива форма е најопасниот играч на Њукасл, секако тука не треба да ја заборавиме експлозивноста на Муса Сисоко и новото засилување Вајналдум, кој Ван Гал добро го познава од репрезентацијата на Холандија.

Манчестер Јунајтед досега има перфектен почеток на сезоната, три одиграни натпревари и исто толку победи против Тотенхем, Астон Вила и Бриж. Солиден фудбал кој од меч во меч е сè подобар и тоа резултираше против Бриж со три погодоци и голем број на неискористени шанси. Луис ван Гал е делумно задоволен од своите избраници, но верува и знае дека тие можат многу повеќе, посебно тоа се очекува од нашиот главен напаѓач и капитен Вејн Руни. На денешната прес – конференција Холанѓанецот имаше добри вести со што повторно само Фил Џонс ќе отсуствува кој е сè поблиску до враќање на терените. Исто така мечот ќе го пропуштат Виктор Валдес, Давид Де Геа и Маруан Фелаини, Белгиецот има уште еден натпревар суспензија.

XI: Ромеро, Дармијан, Смолинг, Блинд, Шо, Шнајдерлин, Швајнштајгер, Мата, Јанузај, Депај и Руни. (4 – 2 – 3 – 1)

Ван Гал најави дека само прашање на време е кога Бастијан Швајнштајгер ќе го видиме конечно од првата минута, тоа дефинитивно треба да биде против Њукасл. Оваа сезона потребна е ротација со што се натпреваруваме во четири натпреварувања и играчите треба да бидат одморени и подготвени за секој предизвик. Освен Швајнштајгер можеме да го очекуваме и Јанг наместо некој од играчите позади Руни, во спротивно очекуваме иста задна линија која повторно ќе напоменеме, досега беспрекорно функционира.

Досега имаме 100% учинок и тоа треба да продолжи против Њукасл и да собираме бодови, повторно имаме натпревари кои ни одат во прилог како Арсенал – Ливерпул и тешкото гостување на Манчестер Сити на Гудисон Парк. На овие мечеви се покажува квалитетот на тимот, густ распоред и почеток на сезоната, нови три бода на Олд Трафорд за 3/3.

Наптреварот започнува со почеток од 13 часот и 45 минути, директен пренос можете да проследите на Спорт Клуб 3.

 

Коментари

коментари