Премиер Лига | Пред нашиот дуел со Кристал Палас

Премиер Лига | Пред нашиот дуел со Кристал Палас

Кристал Палас ќе нè пречека на Селхрст Парк во обид да стави крај на црната серија по тешкиот пораз од Манчестер Сити во Лига купот додека ние трагаме по враќање на победничките патеки и продолжување на добрата серија против „орлите“.

Предводникот на „орлите“, Алан Пардју ја промени структурата на Палас и сега тие важат за тим кој негува напаѓачка игра преку крилата. Завчера тие загубија на Етихад со 5 – 1, додека имаат дури три порази во низа во сите натпреварувања. Иако тие играат во слаба форма заостануваат само пет бода зад нас на табелата и се наоѓаат на 7 – та позиција.

Алан Пардју на утрешниот дуел ќе биде без Суаре и Ворд кој е неизвесен, како и напаѓачите Чамах и Викам, додека најголема грижа кај Палас е отсуството на Кабај. Французинот има повреда и сè уште не се знае дали ќе настапи, тоа ќе биде одлучено веднаш пред почетокот на натпреварот.

XI: Хенеси, Мариапа, Ден, Дилејни, Кели, Јединак, Ледли, Заха, Панчон, Боласи и Гејл. (4 – 2 – 3 – 1)

Брзоногите играчи од напаѓачката линија на Кристал Палас се главното оружје на Пардју, а меѓу нив е и Вилфрид Заха. Освен Заха тука се Јаник Боласи и нашиот фан Двајт Гејл. Доколку не бидат на нивото на задачата Дармијан и Рохо, Де Геа ќе има сериозни проблеми на нашиот гол.

Fellaini vs Palace

На последниот меч кај Палас остваривме тешка победа каде Маруан Фелаини го реши натпревар во последните 10 минути…

Поразот од Мидлзборо во Лига Купот само ја потврди слабата форма и самодоверба кај некои од играчите, како на пример Керик, Депај и Руни. Иако ова натпреварување не е примарната цел на Манчестер Јунајтед, никогаш не е убаво да го видите вашиот тим елиминиран на Олд Трафорд. Освен тоа во тимот имаше важни играчи кои одиграа 120 минути, а кои се потребни за поважни натпревари во сезоната. Луис ван Гал на денешната прес – конференција потврди дека Патрик МекНер, Лук Шо, Антонио Валенсија, Мемфис Депај и Џејмс Вилсон ќе го пропуштат натпреварот поради повреда.

XI: Де Геа, Дармијан, Џонс, Смолинг, Рохо, Шнајдерлин, Швајнштајгер, Мата, Руни, Јанг и Марсијал. (4 – 2 – 3 – 1)

Со оглед на тоа што Ешли Јанг се врати од повредата може да очекуваме враќање на Марсијал во нападот додека Англичанецот да стартува на левата крилна позиција. Сепак и покрај тоа нема да бидеме изненадени доколку Руни остане во нападот, а пак Марсијал лево. Очекуваме враќање на средината која играше против Сити како и Џонс во одбраната на местото на Блинд.

На последниот натпревар издвојувавме победа на Селхрст Парк со 1 – 2, додека една сезона претходно славевме со 0 – 2. Иако имаме одличен учинок против Палас тоа не треба да нè залажува дека тие се слаб тим бидејќи нивната вистинска моќ ја отсликува нивната позиција на табелата. Сепак и покрај тоа ова е меч на кој треба да издвојуваме триумф, на само два бода сме од врвот и треба да ја одржиме или подобриме оваа разлика.

Коментари

коментари