Премиер Лига | Пред нашиот дуел со Астон Вила

Премиер Лига | Пред нашиот дуел со Астон Вила

Вила Парк е подготвен за првиот натпревар од сезоната, домашниот тим го пречекува гигантот Манчестер Јунајтед…

Астон Вила сонува за домашна победа над Манчестер Јунајтед од далечната 1995 – та година, тоа е императивот за Тим Шервуд и неговите избраници со тимот кој доживува ренесанса и цели да се врати на старите патеки. Вила е можеби клубот со најголема трансфер активност во англиската Премиер Лига, ова лето тие се засилија со неколку играчи од француското првенство и градат млад квалитетен тим. Тоа се покажа и на првиот меч против Брнмут каде новото засилување, одличниот Руди Гестеде постигна гол со глава.

Шервуд освен Гестеде кој потсетува во стилот на игра и изглед на Фелаини, ги доведе Мика Ричардс, Хозе Анхел Креспо, Џордан Амави, Идриза Геје, Џордан Верето, Скот Синклер и Џордан Ају. Менаџерот и покрај овие аквизиции не застанува тука и цели на уште играчи со кој сака да ја смести Астон Вила во горниот дел од табелата. Голем дел од овие засилувања беа во ростерот и дебитираа на дуелот со Брнмут и тие повторно ќе му бидат на располагање на Шервуд. Сепак, најдобриот млад играч Џек Грилиш ќе го пропушти мечот поради повреда како и Џорс Окоре и Карлес Гил.

XI: Гузан, Бакуна, Ричардс, Кларк, Амави, Геје, Вествуд, Верето, Ају, Синклер и Агбонлахор. (4 – 3 – 3)

Вила со новите засилувања и горенаведената формација игра многу потечен и брз фудбал пред сè поради Верето како и напаѓачкото трио составено од Ају, Синклер и Агбонлахор. Тоа ќе биде најголемата опасност, посебно брзите контранапади кои лесно може да резултираат со погодок.

Последниот триумф на Вила Парк го забележавме во сезоната (2013/2014) со 0 – 3, додека минатата сезона ремизиравме 1 – 1.

Манчестер Јунајтед ја забележа првата победа во сезоната против Тотенхем, но тоа беше тежок натпревар кој лесно можеше да заврши нерешено со што во последните минути голманот и одбраната беа најзаслужни за триумфот. Оттогаш нема многу промени и повторно истите играчи се на располагање додека Фил Џонс ќе отсуствува минимум три недели. Маруан Фелаини е суспендиран, а Де Геа повторно ќе биде надвор од тимот, Ван Гал изјави дека играчот му кажал на Франс Хук дека не сака да настапи поради што не бил целосно фокусиран и тоа била воедно и одлука на Холанѓанецот. Оваа изјава на нашиот менаџер има две толкувања, или навистина тоа е така и Давид не сака да игра за клубот покрај сè, или пак едноставно тоа е лага за клубот што побрзо да го продаде играчот и да нема несреќен играч во соблекувалната. Со оглед на тоа Ромеро повторно ќе биде помеѓу стативите и се очекува поуверено издание по дебито на Олд Трафорд, со секој меч тој се очекува да биде сè подобар.

XI: Ромеро, Дармијан, Смолинг, Блинд, Шо, Шнајдерлин, Швајнштајгер, Мата, Депај, Јанг и Руни. (4 – 2 – 3 – 1)

Единствена измена може да очекуваме на средината од теренот каде Швајнштајгер би го заменил Керик, сите останати места се веќе познати и со оглед на тоа дека нема повреди треба да бидеме во истиот состав.

Во првото коло загубија или ремизираа Евертон, Тотенхем, Арсенал и Челзи, иако е само второ коло од сезоната тоа треба да го користиме и да победуваме, посебно во прилог ни оди меѓусебниот дуел помеѓу Манчестер Сити и Челзи. Нов триумф без примен погодок би било одлично за дополнително подигнување на самодовербата пред дуелот со Бриж од Лигата на шампионите.

Директен пренос од натпреварот имате можност да проследите на Спорт Клуб 3 со почеток од 20 часот и 45 минути.

Коментари

коментари