Потенцијалната ѕвезда на Манчестер Јунајтед – Бруно Гомеш

Потенцијалната ѕвезда на Манчестер Јунајтед – Бруно Гомеш

Манчестер Јунајтед секогаш се грижи за својата иднина па така и manchesterismyheaven.com. Ви го претставуваме можеби идниот врвен напаѓач на Манчестер Јунајтед.  Бруно Гомеш е 17 годишен бразилски напаѓач кој игра за Деспортиво Бразил. Манчестер Јунајтед има склучено договор со Деспортиво Бразил во кој се вели дека Јунајтед кога сака може да земе на проба играчи од академијата. Имаше неколку играчи што беа но не успеаа да се изборат за договор. Бруно Гомеш е бразилецот кој најмногу остави впечаток и најверојатно има договор со кој кога ќе наполни 18 години ќе се пресели во нашиот клуб. Тој ќе наполни 18 години во 2014 но доколку успее да извади италијански пасош како што се наговестува тој дури во август оваа година може да стане нов член на клубот.

Бруно Гомеш беше во Манчестер и се запозна и со голем број од играчите и со Фергусон, тој на својот официјален твитер профил цело време пишува за Манчестер Јунајтед и како чека едвај да заигра за клубот и да пристигне во Англија. Сето тоа што го прави за неговиот сегашен клуб ветува многу. Се работи за расен напаѓач кој под палката на Фергусон може да стане еден од најдобрите во светот. Доколку тој пристигне од рана возраст во Јунајтед како што беше случај со Рафаел и Фабио дефинитивно може многу да постигне.

Бруно Гомеш пред извесен период го освои државното првенство во Бразил за играчи до 17 години со Деспортиво Бразил. Тој беше најдобар стрелец на турнирот со 27 голови, меѓу кои хет-трик во финалето за победа од 6 – 0.

Тој дефинитивно ветува со сето тоа што го прави но ќе видиме дали и ќе се официјализира неговиот трансфер и ќе стане играч на Манчестер Јунајтед. Доколку се случи ова можеби Манчестер Јунајтед си ја има обезбедено својата иднина во нападот за следната деценија.

Коментари

коментари