Португалија се надева дека семоќниот Кристијано Роналдо ќе ги предводи до финалето

Португалија предводена од Кристијано Роналдо има моќ да стигне и до финалето во Бразил.

Португалија иако сега важи за една од најдобрите фудбалски репрезентации во светот има изненадувачки мал број учества на мундијалите. Светското Првенство во Бразил ќе биде вкупно шесто за нив што е навистина мал број со оглед на квалитетните фудбалери кои низ годините настапувале за оваа репрезентација. Првпат на мундијалите Португалија настапила во 1966 – та година во Англија каде тие успеале да стигнат дури до 1/2 финалето. За жал тие загубиле од домаќинот Англија која подоцна и станува светски шампион по победата во финалето. На тоа Светско Првенство прва ѕвезда на Португалците бил познатиот Еузебио кој е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. За жал Еузебио токму оваа година почина и тој ќе нема шанса да ја гледа Португалија во Бразил. Смртта на Еузебио беше нешто од кое беа трогнати сите во Португалија но и светскиот фудбал бидејќи се работи за една легенда на овој спорт. Еквадор на претстојниот мундијал ќе биде мотивиран да се докаже поради смртта на својот соиграч а Португалците тоа ќе го прават за Еузебио.

Селектор на португалската репрезентација е поранешниот играч Паоло Бенто кој имавме шанса да гледаме и на првенството во 2002 – та година каде и се опрости од репрезентацијата. Тој го има потребното искуство кое им го пренесува на играчите и откако е тој селектор Португалија игра одлично. На Европското Првенство во Полска и Украина пред две години тие стигнаа до 1/2 финалето каде се сретнаа со Шпанија но загубија по изведувањето на пеналите. Во квалификациите за претстојниот мундијал во Бразил тие можеби не беа на потребното ниво во групната фаза и завршија на втората позиција позади Русија со што играа бараж дуел. Во баражот за настап на Светското Првенство тие играа против селекцијата на Шведска. Овие два меча во Португалија и подоцна во Шведска беа решени од нашиот поранешен играч Кристијано Роналдо. Тој постигна вкупно четири погодоци на двата меча со што ја лансираше Португалија на мундијалот.

Бенто за мундијалот во Бразил одлучи да настапи со мешавина од искусни и млади играчи, како што неколку пати кажавме тоа е перфектната комбинација.

Голмани: Руи Патрисио (Спортинг Лисабон), Едуардо (Брага), Бето (Севиља).

Дефанзивци: Андре Алмеида (Бенфика), Бруно Алвеш (Фенербахче), Пепе, Фабио Коентрао (Реал Мадрид), Рикардо Кошта, Жоао Переира (Валенсија), Нето (Зенит).

Среден ред: Жоао Мутињо (Монако), Мигел Велосо (Динамо Киев), Раул Меирелеш (Фенербахче), Рубен Аморим (Бенфика), Рафа (Брага), Вилиам Карваљо (Спортинг Лисабон).

Напаѓачи: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Луис Нани (Манчестер Јунајтед), Едер (Брага), Хелдер Постига (Лацио), Хуго Алмеида (Бешикташ), Силвестре Варела (Порто), Виериња (Волфзбург).

Луис Нани иако имаше разочарувачка сезона со Манчестер Јунајтед каде најголем дел беше повреден се најде на списокот и се очекува да биде стартер на десната крилна позиција. Тој ги одигра сите подготвителни мечеви и покажува што знае и умее. Нани потпиша нов договор минатото лето со нашиот клуб но големи се шансите дека тој ќе си замине ова лето. Паоло Бенто во своите редови има многу квалитет и тој ќе има потешкотии да го состави првиот тим. На голот најверојатно ќе се најде Руи Патрисио кој на сите квалификациони натпревари беше стартер иако Бето од Севиља е исто така еден квалитетен голман. Во одбраната на десната бековска позиција ќе биде Переира додека како стопери би требало да бидат Пепе и Алвеш. Но со оглед на тоа дека сè уште играчот на Реал Мадрид не тренира со полн интензит како негова замена можеме да го очекуваме Кошта или Нето. На левата бековска позиција ќе биде Коентрао кој ќе се поврзува со Роналдо кој ќе делува како крилен напаѓач. Во средината најверојатно ќе биде Вилиам Карваљо кој е силно поврзуван со нашиот клуб и имавте можност да прочитате една колумна за него. Со Карваљо ќе играат Меирелеш и Мутињо. Вистинската дилема за Бенто е кој да го предводи нападот, дали тоа да бидат искусните Алмеида или Постига или пак експлозивниот Едер од Брага. Најверојатно тоа ќе биде Постига но шанса ќе добијат и останатите напаѓачи. Во Португалија селекторот се соочи и со неколку критики зошто Бебе кој е сè уште играч на Манчестер Јунајтед не бил повикан за репрезентацијата. Бебе одигра фантастична сезона за Фереира и доколку продолжи со одличните настапи и следната сезона Бебе сигурно ќе добие шанса и во португалската репрезентација.

Португалија се наоѓа во групата на смртта заедно со Германија, Гана и САД. Тие ќе имаат исклучително тешка задача да ја поминат групата бидејќи сите репрезентации се квалитетни. Но се очекува од Португалците со Германија да се борат за првата позиција со што би ја избегнале Белгија во следната фаза која се очекува да биде првопласирана во групата Х. Кристијано Роналдо е најдобриот играч во светот и тој е клучен и за Португалија. Иако сè уште се рехабилитира од повреда тој ќе биде подготвен за мундијалот и ќе биде мотивиран да ја предводи својата репрезентација што подалеку.

Репрезентацијата на Португалија е далеку поквалитетна на овој мундијал од тој кој се одржа во Јужна Африка. За тоа говорат и успесите на играчите и младите талентирани играчи. Од оваа репрезентација треба да очекуваме пласман во нокаут фазата и борба со Германија за првата позиција, тие сигурно ќе атакуваат на највисок пласман но недостатокот на квалитетни замени во средината може да ги чини многу. Во секој случај Португалците предводени од најдобриот играч во светот ќе бидат мотивирани за највисоки дострели.

Коментари

коментари