Пораз од ПСЖ за крај на турнејата во САД

Пораз од ПСЖ за крај на турнејата во САД

Пари Сен Жермен го освои Интернационалниот Куп откако ни нанесе пораз во последниот натпревар од турнејата во САД пред почетокот на сезоната, перформансот на теренот не го отслика и конечниот резултат.

Луис ван Гал го забележа првиот пораз на пријателски натпревар како менаџер на Манчестер Јунајтед. Францускиот шампион се покажа како поконкретен противник во денешниот дуел каде си ги искористи своите шанси за гол по што издвојуваше победа. Како и на претходните натпревари така и сега ние бевме солидни каде доминиравме во однос на поседот на топката, но не ги искористивме нашите шанси. Виновниците за примените погодоци се Давид Де Геа и Фил Џонс, во однос на првиот гол тоа беше Шпанецот кој беше неодлучен како и Џонс кој само го остави Блас Матуиди да ја смести топката во мрежата. Англичанецот за вториот гол го изгуби својот играч и Ибрахимовиќ беше прецизен за 2 – 0. Ние пак не искористивме шанси преку Мата, Депај и Руни додека Хуан постигна маестрален погодок кој беше поништен поради офсајд.

Холанѓанецот има право да биде задоволен од играта, но не и од резултатот како и грешките во одбраната кои нè чинеа пораз. Како најдобар играч од денешниот меч се издвои Матео Дармијан, кој беше фантастичен на двете бековски позиции. Секоја чест за Италијанецот кој одлично се адаптира на Манчестер Јунајтед, исто така не изостануваше ниту Лук Шо кој игра сè подобро.

Ова беше последниот тест пред почетокот на сезоната, сега тимот се враќа во Манчестер каде следи една недела тренинг пред првиот натпревар од англиската Премиер Лига против Тотенхем.

Коментари

коментари