Погба ја откри својата омилена позиција во средниот ред

Погба ја откри својата омилена позиција во средниот ред

Пол Погба, засилувањето кое за рекордна сума направи кам-бек во Манчестер Јунајтед, во интервју за Скај Спортс ја откри посакуваната позиција во средниот ред на клубот во која тој се гледа себеси оваа сезона.

„Сакам да играм на левата позиција во средниот ред. Доколку играме со тројца во средниот ред, можам да настапувам и по десната позиција во централниот дел, но сметам дека лево сум поефективен. Исто така, можам да играм и како дефанзивен играч за врска, но повеќе сакам кога сум позициониран повисоко на теренот.“

Ваквата изјава е очекувана од Погба, кој изминатите 4 години како дел од Јувентус играше во формација 4-3-3, каде и навистина е најефективен, но познавајќи го Мурињо кој досега ретко отстапил од својата стандардна 4-2-3-1 формација, за очекување е дека ќе го гледаме Погба во дуо со уште еден играч од средниот ред кој повеќе би имал дефанзивни задачи (Фелаини, Шнајдерлин, Керик), како французинот би можел почесто да се приклучува во офанзивниот дел од екипата, како што беше случајот на натпреварот изминатото коло против Саутемптон.

Долгогодишен фан на Јунајтед, со посебен интерес за историјата на клубот. Најмногу активен со аналитички текстови на сајтот.

Коментари

коментари