Патрик МекНер со гол во последните секунди го одведе тимот во „Final 4“ од Премиер Лигата

  • во

Во шок завршница У21 тимот успеа да се пласира во 1/2 финалето од Премиер Лигата по победата над Ридинг со голот на Патрик МекНер во последната минута.

Минатата недела овој тим имаше шанса да го завери пласманот во завршната фаза од Премиер Лигата но тоа не успеаја да го направат бидејќи прокоцкаа водство од два гола разлика во последните десет минути од натпреварот. Со победа на тој меч веќе ќе бевме во т.н. Final 4 но како и секогаш ние тоа го правиме на потешкиот начин. Вчера игравме меч со Ридинг на гостински терен на кој ни беше потребна победа за да обезбедиме пласман во следната фаза.

Во првото полувреме Ридинг беше поконкретен и имаше посериозни шанси додека играчите на Ворен Џојс ја чекаа својата шанса од контранапад. При крајот на првото полувреме Џо Ротвел од својата половина го проигра Џејмс Вилсон кој како и секогаш лесно и умешно постигна гол откако беше оставен сам со голманот. Ова беше резултат кој нè води понатаму и со овој резултат заминавме на полувремето. Второто полувреме го започнавме со истата цел, да ја чекаме својата шанса од брзите контри но тоа нè чинеше гол бидејќи во 59 – та минута Ридинг го израмни резултат додека веќе 20 минути подоцна и поведе со што мислевме дека сè е готово бидејќи и Џејмс Вилсон беше заменет. Но играчите знаеа дека треба да се искупат за ремито со Норич и не дозволија да ја пропуштат шанса да ја бранат титулата и оваа сезона, Џејмс Вир веднаш по примениот гол израмни на 2 – 2 со што играчите имаа десет минути да постигнат гол кој ќе ги одведе во завршната фаза. Во 93 – та минута младите играчи потсетија на првиот тим од изминатите сезони и направија целосен пресврт со голот на Патрик МекНер кој значеше дека тие ќе играат во 1/2 финалето од Премиер Лигата.

XI: Амос, Варела, МекНер, Екангамен, Џејмс, Ротвел, Пирсон, Јанко, Переира, Раули, Вилсон (Вир 60′).

Патрик МекНер постигна гол во последните секунди со кој го одведе тимот во завршницата од Премиер Лигата.

Ова е неверојатен успех за тимот бидејќи сезонава Ворен Џојс искористи преку 40 играчи поради позајмиците а од февруари месец игра со целосно нов тим од У18 играчите кои беа промовирани. Како што може да забележите и на вчерашниот меч не игравме со класичен стопер туку Екангамен играше таму и Раули играше на левата крилна позиција кој е лев бек. Јанко игра на десната крилна позиција кој е десен бек и притоа Вилсон беше повреден. Од сите тимови во лигата ние го имаме најмладиот тим кој ја има најтешката задача, а тоа е да ја одбрани титулата. Во 1/2 финалето нашиот тим ќе игра против Ливерпул кој заврши на втората позиција во регуларната сезона а ние завршивме како трети, второто 1/2 финале ќе биде помеѓу Челзи и Лестер или пак Манчестер Сити.

Коментари

коментари