Олд Трафорд

Олд Трафорд

Олд Трафорд е стадион на Манчестер Јунајтед, со капацитет од 75,957 места за седење, што го прави втор најголем стадион во Англија по Вембли, трет стадион во Обединетото Кралство и 11ти стадион по големина во Европа. Сепак, по неговата планирана реконструкција што би требало да се оддржи, Олд Трафорд би требало според проценките да собира и до 96,000 гледачи, при што би го надминал и Вембли. Заедно со Вембли, Олд Трафорд е единствениот стадион во Англија кој има рејтинг од 5 ѕвездички од УЕФА.

Овој стадион, познат и како “The Theatre of Dreams” е „дом“ на Манчестер Јунајтед од 1910 година, со исклучок на годините додека траела Втората светска војна и годините што биле потребни за стадиониот да се реновира по бомбардирањето кое го уништило. Стадионот неколкупати досега има подлегнувано на реконструкции (последната во 2006 година), главно со цел да се зголеми неговиот капацитет и да се стигне до капацитетот кој го имал пред војната (80.000 гледачи). Рекордната посетеност на стадионот е забележана во 1939, кога 76.932 гледачи го следеле натпреварот од полуфиналето на ФА купот на Волверхемптон против Гризби Таун. Највисока просечна посетеност по сезона е забележана во сезоната 2006/07, од 75,286 гледачи просечно по меч. Највисока посетеност севкупно е забележана во сезоната 2008/09, кога вкупно 2,197,429 фанови видоа барем дел од сезоната кога Јунајтед стана шампион трет пат по ред.

Стадионот константно е избор за полуфиналиња од ФА купот како неутрален стадион, како и натпревари на англиската репрезентација (додека Вемби беше во изградба). Олд Трафорд беше стадион на кој се одигра финалето на ЛШ во 2003 година.

Олд Трафорд ја прослави својата стогодишнина на 19.02.2010 година.

old-trafford-wallpaper-2012-2013-stretford-end

Old Trafford