Одлично деби на Вилфрид Заха во дресот на Кардиф

Нашиот крилен играч кој замина на позајмица во Кардиф кај Оле Гунар Солскер беше еден од најзаслужните за победата на тимот од Велс. Покрај Заха и голем број од другите играчи кои заминаа на позајмица играа за своите тимови.

Во петокот се затвори трансфер периодот и тој ден голем број од играчите на У21 тимот заминаа на позајмица. Нашиот менаџер Дејвид Мојс уште на почетокот од сезоната изјави дека доколку не е во можност да му укаже доволна минутажа на Заха ќе го прати на позајмица, сите добро знаеме дека Заха не играше поради одредени причини кои не му доликуваат на еден спортист а пред се на фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Вилфрид Заха беше испратен на позајмица во Кардиф кај Оле Гунар Солскер каде се надеваме дека ќе биде под палката на нашата легенда и ќе се врати подготвен во Манчестер Јунајтед за борба за првиот тим. Заха во Кардиф до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч.

Во саботата тој го имаше дебито за Кардиф и одигра фантастичен натпревар. Тој асистираше за првиот гол на Кардиф и беше опасност по голот на Норич во текот на целиот натревар. Откако Заха влезе во игра Кардиф успеа да направи пресврт. На овој меч деби имаше и Фабио кој од неодамна е нов играч на тимот од Велс.

Се надеваме дека Заха од оваа позајмица ќе се врати како подобар и најважно позрел играч, навистина жално ќе биде доколку тој не успее да се наметне во првиот тим на Манчестер Јунајтед. Тој има се што е потребно за да стане одличен играч, само му недостасува да го подобри однесувањето.

По ова коло Кардиф останува во опасната зона но со една победа тие можат да напредуваат дури до 12 – то место на табелата.

Можете да ја погледнете асистенцијата и перформансот на Заха во ова видео.

 

Вил Кин замина на позајмица во КПР и таму ќе остане до крајот на сезоната. Тој немаше шанса да дебитира за КПР овој викенд бидејќи не беше пријавен за мечот поради доцно комплетирање на позајмицата. КПР се наоѓа на втората позиција на табелата во Чемпионшип и се бори за влез во Премиер лигата, Реднап го идентификуваше токму Вил Кин како играч кој може да помогне до остварување на оваа цел.

Ова ќе биде и голем тест за Кин бидејќи се соочува со голема конкуренција во нападот. Реднап како опција во нападот ги има Ендрју Џонсон, Боби Замора, Модибо Маига, Кевин Дојл и Чарли Остин кои се докажани напаѓачи а тука е и новото засилување Гиљерме Делаторе.

Вил Кин до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во дресот на КПР.

Младиот репрезентативец на Англија, Ник Пауел, на мечот со Мидлзборо одигра 85 минути пред да биде заменет поради повреда на задната ложа.

Ник Пауел го пропушти и мечот на Виган против Чарлтон поради повредата на задната ложа. Тој не би требало да отсуствува подолг период и најверојатно веќе следниот меч ќе се врати на терените. Виган по ова коло се наоѓа на 10 – та позиција на табелата.

Сем Џонстон замина на едномесечна позајмица во Донкастер и на своето деби успеа да го сочува својот гол. Да не заборавиме дека тој неодамна потпиша нов договор до 2017 – та година. Донкастер по ова коло се наоѓа на 19 – то место на табелата и се бори за опстанок.

Том Торп капитенот на У21 тимот, Тајлер Блекет левиот бек и Федерико Македа до крајот на сезоната ќе настапуваат во Бирмингем. Тие веднаш на првиот меч настапија за новиот тим против Дерби. Том Торп за жал се повреди на дебито во 14 – та минута и не се знае колку ќе отсуствува но се работи за потешка повреда, тој има повреда на лигаментите на зглобот на ногата.

Тајлер Блекет и Том Торп се играчите кои ќе му помогнат на Бирмингем и ќе се стекнат со искуство од Чемпионшип лигата.

Тајлер Блекет го одигра целиот натпревар за Бирмингем но многу лесно можеше да се случи тој да биде виновник за пораз бидејќи направи пенал. За среќа голманот го одбрани ударот. Младиот лев бек треба да ја подобри играта во дефанзива додека во нападот се снаоѓа одлично.

Федерико Македа не стартуваше од првата минута и тој влезе од клупата за резерви во 60 – та минута, тој во судиското продолжение постигна гол со кој мечот заврши 3 – 3 и му донесе бод на Бирмингем. Италијанецот ќе го носи дресот со број 9 кој оваа сезона го носеше Џеси Лингард додека беше на позајмица кај Сините. Бирмингем по ова коло се наоѓа на 18 – та позиција на табелата.

На ова видео можете да го погледнете голот на Македа.

 

Том Лоренс кој настапуваше за Карлајл на последниот меч против МК Донс забележа една асистенција во победата од 3 – 0. По неговиот удар и одбраната на голманот еден од играчите на Карлајл ја смести топката во голот. Ова беше последен меч за Лоренс во дресот на Карлајл каде играше одлично и во последните два месеци беше можеби најдобриот играч на тимот постигнувајќи голови и асистирајќи.

Во ова видео може да погледнете дел од головите и асистенциите на Лоренс и што тој има да каже за оваа позајмица.

 

Откако истече позајмицата на Лоренс интерес пoкажа тимот на Јеовил кој настапува во Чемпионшип лигата. Отсега тој ќе настапува во Јеовил на позајмица и ова е нова шанса за играчот да се стекне со поквалитетен фудбал бидејќи Карлајл настапуваше во третата англиска лига. Тој го имаше дебито вчера против тимот на Нотингем Форест но за жал неговиот тим загуби со 3 – 1. Јеовил се бори за опстанок и моментално се наоѓа на последната позиција во Чемпионшип лигата

Оваа сезона двајца играчи беа пратени на позајмица во Карлајл а тоа беа Бен Амос и Том Лоренс. Двајцата играчи играа сосема солидно за клубот посебно Лоренс и нашиот тим се одлучи да прати нови играчи во Карлајл откако истекоа позајмиците на Амос и Лоренс. Чарни Екангамен и Сем Брн ќе настапуваат за Карлајл, на последниот меч против Бристол Сити тимот на Карлајл загуби со 2 – 1 но и Екангамен и Брн дебитираа. Белгиецот го започна мечот од првата минута и неговиот тим го постигна единствениот гол откако Чарни беше фаулиран. Сем Брн влезе во игра во второто полувреме. Се надеваме дека и овие двајца играчи ќе забележат одлични настапи за Карлајл.

По одличното деби на Џек Бармби тој на следниот меч за Хартлпул влезе од клупата за резерви во 74 – та минута и беше најблиску до постигнување гол но голманот на Вимблдон успеа да го одбрани ударот. Вимблдон го доби мечот со 2 – 1.

За време на викендот Бармби го забележа својот прв старт на мечот со Сканторп и одигра сосема солидно бидејќи имаше неколку шанси за гол, тој беше заменет во второто полувреме но беше еден од најдобрите играчи на Хартлпул. По ова коло Хартлпул се наоѓа на 15 – та позиција на табелата во четвртата англиска лига.

Марник Вермајл кој игра одлично во Холандија за НЕЦ повторно го одигра целиот натпревар и беше блиску до постигнување на нов гол. За жал тоа не се случи бидејќи стативата го спречи и мечот заврши 1 – 1. НЕЦ се наоѓа на претпоследното место на табелата во Холандија.

Анџело Енрикез на мечот против Барселона Б остана на клупата за резерви а неговиот тим загуби со 0 – 2. По овој пораз Сарагоса се наоѓа на 5 – та позиција на табелата во втората шпанска лига.

Андерсон за прв пат стартуваше од почетокот на мечот за Фиорентина но беше заменет во 54 – та минута. Тимот од Фиренца загуби со 1 – 0 од Каљари но остана на 4 – та позиција на табелата иако повторно имаше шанса да ја намали предноста на првите три тима.

Рајан Таниклиф кој беше на позајмица во Ипсвич заедно со Ларнел Кол кој настапуваше редовно за У21 тимот се нови играчи на Фулам, но за нив ќе имате можност да прочитате во посебна статија во некој до наредните денови.

Коментари

коментари