Одлична недела за нашите играчи, Ник Пауел постигна маестрален гол

За време на викендот нашите играчи кои се на позајмица играа фантастично за своите тимови. Посебно добри натпревари одиграа Марник Вермајл, Том Лоренс и Ник Пауел.

Како што најавивме во минатото издание на статијата Пауел одигра натпревар минатиот четврток против Марибор во Словенија. Пауел одигра 65 минути пред да биде заменет и неговиот тим загуби и не избори пласман во нокаут фазата од натпреварувањето. Нашиот друг играч кој е на позајмица во Виган, Вил Кин, немаше право на настап бидејќи тимовите за во Европа лигата се поднесуваат во месец септември.

За време на викендот Виган играше меч против Болтон и Пауел како и обично го започна натпреварот од првата минута. Тој беше еден од најзаслужните за победата бидејќи постигна маестрален гол за Виган со кој му помогна на тимот да стигне до трите бода. Пауел постигна гол во стилот на Вејн Руни против Сити со ножички. Вил Кин на овој натпревар остана на клупата за резерви.

По натпреварот новиот менаџер на Виган, Уве Рослер, изјави дека се надева дека Пауел ќе остане во Виган до крајот на сезоната и Дејвид Мојс нема да го повика назад за да го прати во нов тим на позајмица но од Премиер лигата. Има шпекулации дека некои тимови од Премиер лигата покажуваат интерес за услугите на Пауел и дека Мојс ќе го повика од Виган. Останува да видимешто ќе се случи но во секој случај Пауел има одлична сезонa, досега постигна 7 гола и имаше 2 асистенции.

Бебе исто така играше во Европа лигата минатата недела но и тој како и Пауел не избори пласман во следната фаза. Бебе ги одигра последните минути од натпревар откако влезе од клупата за резерви. Бебе вечер ќе одигра натпревар за Фереира против тимот на Насионал.

Победата на Карлајл беше заслуга на Том Лоренс. Тој заедно со Амос веќе подолг период се во Карлајл и играат сосема солидно. Заради тоа позајмицата на Амос беше продолжена до јануари.

За време на викендот Том Лоренс беше главниот виновник за победата на својот тим над Транмере. Тој постигна два маестрални гола кои слободно можеме да кажеме дека ќе се најдат во потесниот избор за гол на годината. Не треба посебен опис за головите доволно е да ги погледнете.

Првиот и третиот гол на Карлајл се дело на Лоренс.

Давиде Петручи во Белгија играше за Антверп но влезе од клупата за резерви, неговиот тим одигра нерешено против тимот на Гел.

Марник Вермајл повторно стрелец за НЕЦ овојпат во победата од 4 – 3 над Рода. Белгиецот засега има два гола за тимот од Холандија, голот на Вермајл можете да го погледнете тука.

Џеси Лингард одигра уште еден добар натпревар за Бирмингем бидејќи асистираше за Жигиќ во победата од 0 – 2 над Брнмут. Џеси игра фантастично за Сините и за очекување е да му биде продолжена позајмицата.

Мајкл Кин не настапи за тимот на Дерби и остана на клупата за резерви како и Тајлер Блекет за Блекпул додека Рајан Таниклиф го одигра целиот натпревар за Ипсвич против Нотингем Форест.

Федерико Македа одигра 82 минути за Донкастер во поразот од Лидс.

Коментари

коментари