Ник Пауел е клучен играч на Виган додека Бебе е споредуван со Кристијано Роналдо во Португалија поради неговите погодоци

Ник Пауел е клучен играч на Виган и главно оружје на менаџерот за промоција во Премиер Лигата, Бебе постигнува маестрални погодоци за Фереира и интересот за неговите услуги е сè поголем. Прочитајте и за останатите играчи кои се на позајмица.

Ник Пауел откако се врати на терените по повредата на задната ложа покажува фантастични игри за Виган кои сигурно го принудуваат Дејвид Мојс нетрпеливо да го чека враќањето на играчот за да го вметне од следната сезона во првиот тим на Манчестер Јунајтед. Се надеваме дека тоа ќе биде така и дека е ова е првата и единствена позајмица за Пауел бидејќи во нашиот среден ред недостасува играч како Ник. Од нашето последно издание за позајмените играчи Пауел одигра четири натпревари за Виган. На мечот против Вотфорд тој влезе од клупата за резерви во 69 – та минута и создаде една шанса за своите соиграчи но не влијаеше многу на натпреварот бидејќи веќе тој беше решен во корист на Виган и тие издвојуваа победа од 2 – 1. Против КПР тој го одигра целиот натпревар и беше најдобриот играч на Виган кој создаде неколку шанси за своите соиграчи но и имаше два одлични удари кои ги одбрани голманот Роберт Грин. За жал Виган загуби со 1 – 0 само поради одличниот меч на поранешниот чувар на мрежата на Гордиот Албион. Против Болтон Пауел влезе во 69 – та минута и му донесе значаен бод на Виган на две минути пред крајот на натпреварот со одличен гол. Нема потреба да ви опишуваме каков гол постигна Пауел, едноставно погледнете го видеото и ќе видите за каков гол се работи. На последниот меч против Лестер нашиот играч започна од првата минута но беше заменет во второто полувреме. Тој игра фантастична сезона и поседува сè што е потребно да стане еден од најдобрите играчи во светот, се надеваме дека тој ќе го реализира својот потенцијал под палката на Дејвид Мојс.

Виган моментално се наоѓа на 5 – та позиција во Чемпионшип која води до плејоф мечевите и тие имаат солидна предност пред тимовите кои ја посакуваат нивната позиција. Виган следниот натпревар го игра против Лидс и треба да се врати на победничките патеки по ремито против Лестер.

Вилфрид Заха кој е на позајмица во Кардиф на дуелот против Ливерпул влезе од клупата за резерви во 65 – та минута но тој не стори ништо посериозно иако беше желен за докажување. На последниот меч против Вест Бромвич Албион тој повторно влезе од клупата за резерви но во 36 – та минута кога од игра излезе нашиот поранешен играч Фабио. Заха во 95 – та минута асистираше за бод бидејќи Мет Дели кој е наш поранешен играч постигна гол и го израмни резултатот за конечни 3 – 3. Кардиф се наоѓа на 18 – та позиција и тие се оддалечени 3 бода од опстанок, но за да го остварат тоа и да останат во Премиер Лигата потребна им е победа на некој од следните мечеви.

Вил Кин на мечот против Шефилд Венздеј остана на клупата за резерви и КПР загуби со 3 – 0, на дуелот против Мидлзборо тој беше стартер но беше заменет во 64 – та минута и немаше шанси за гол. На дуелот против Виган и Ник Пауел тој остана на клупата за резерви додека на дуелот против Блекпул тој ги одигра сите 90 минути. Оваа позајмица е подготовка за Кин следната сезона да замине на позајмица во Премиер Лигата бидејќи по тешката повреда му требаат натпревари пред да добие шанса во првиот тим а следната сезона едноставно не веруваме дека тој ќе биде во плановите на Дејвид Мојс и позајмицата е најдоброто решение за двете страни. Оваа сезона со КПР тој се бори за влез токму во најдоброто англиско натпреварување и се наоѓа на 3 – та позиција во Чемпионшип која води до плејоф мечевите.

Италијанскиот напаѓач Федерико Македа е есенцијален дел од Бирмингем, на мечот против Ридинг тој беше стартер и најопасен играч кон противничкиот гол во поразот од Ипсвич со 1 – 2. На дуелот против Милвол тој остана на клупата за резерви и неговиот тим издвојуваше победа од 2 – 3. На последниот дуел против Брнмут Македа влезе од клупата за резерви во 34 – та минута и успеа да постигна два гола кои беа недоволни за Бирмингем бидејќи тие загубија со 2 – 4. Тајлер Блекет исто така е на позајмица во Бирмингем и тој на дуелот против Ридинг влезе од клупата за резерви во 29 – та минута и за жал головите што ги примија Сините беа по неговата страна, на мечот против Милвол тој асистираше за еден гол и имаше подобрување во неговата игра во одбрана. На последниот меч против Брнмут тој повторно ги одигра сите 90 минути. Освен Блекет и Македа исто така Том Торп замина на позајмица во овој тим до крајот на сезоната и тој веќе од следниот натпревар се очекува да започне во одбраната со оглед на тоа дека Бирмингем се бори за опстанок.

Џеси Лингард игра редовно за Брајтон но неговиот тим игра под своите очекувања. На последниот меч против Блекбурн нашиот играч беше асистент за два погодоци на Брајтон со што стигна до бод неговиот тим и конечни 3 – 3 против Блекбурн. Брајтон се наоѓа на 9 – та позиција на табелата во Чемпионшип и оддалечени се само 3 бода од 6 – то место.

Мајкл Кин како и Лингард е стандарден во Блекбурн но неговиот тим на последните четири меча има четири нерешени резултати што се причина зошто Блекбурн е далеку од борбата за влез во Премиер Лигата. На претпоследниот дуел против Милвол нашиот играч постигна и еден гол со глава но тоа не беше доволно за победа, Блекбурн се наоѓа на 11 – та позиција на табелата.

Сем Џонстон брани во одлична форма за Донкастер и тој е еден од најзаслужните зошто неговиот тим повеќе не е во опасната зона. Донкастер моментално се наоѓа 18 – та позиција на табелата во Чемпионип и е оддалечен 8 бода од опасната зона.

Том Лоренс кој оваа сезона беше на позајмица во Карлајл сега игра за Јеовил каде повторно е повеќе од солиден и има голем удел во головите на својот тим но тоа не е доволно за Јеовил да се издигне од опасната зона. Јеовил се наоѓа на последната позиција во Чемпионшип и е оддалечен 6 бода од местата кои водат до опстанок во лигата.

Џек Бармби ја продолжи позајмицата во Хартлпул до крајот на сезоната и е важен дел од овој тим додека Сем Брн сè почесто добива шанса за Карлајл но тимот не бележи добри резултати и тие се блиску до опасната зона.

Бебе е откровение во Португалија оваа сезона и е најдобриот играч на Пакош Фереира. На последните мечеви тој е фантастичен и постигнува спектакуларни голови. На дуелот против Арука постигна два гола од кои едниот беше ремекдело, Фереира победи со 3 – 1.

Ако мислите дека ова беше добар гол последнете го последниот гол на Бебе во ремито против Белененшеш. Португалскиот интернационалец можеби нема да стане доволно добар играч за Манчестер Јунајтед но дефинитивно ќе биде одличен за некој помал клуб. По крајот на сезоната се очекува борба помеѓу Брага и Спортинг Лисабон за овој играч. Бебе го обезбеди опстанокот за Фереира откако тие се на 5 бода од опасната зона.

Марник Вермајл има сличен ефект за холандски НЕЦ и тој оваа сезона е можеби најдобриот десен бек во Холандија, на последните неколку меча тој повторно играше добро и забележа една асистенција. Но за жал НЕЦ е на претпоследното место во Холандија и е оддалечен 3 бода од местата кои значат опстанок. Агентот на Белгиецот во едно интервју пред неколку дена изјави дека Манчестер Јунајтед е задоволен од прогресот на Вермајл но дека тие се повторно подготвени да го пратат на позајмица. Тука има несогласувања бидејќи Вермајл сака да добие шанса во првиот тим или пак да направи перманентен трансфер. Доколку може да му се верува на агентот на играчот за Вермајл сериозно заинтересирани се белгиски Генк и Андерлехт, како и Ајакс и неколку клуба од Премиер Лигата. Останува да видиме што ќе се случи со овој играч, неговиот договор истекува во јули 2015 – та година.

Анџело Енрикез и Андерсон не настапуваат за своите тимови поради повреди додека минатата недела на позајмица заминаа голманот Џони Сатерленд во нисколигашкиот клуб Стафорд Ренџерс, Лиам Гримшо на позајмица во Моркамб и Давиде Петручи во Чарлтон. За овие играчи и останатите кои се на позајмица ќе имате можност да прочитате следната недела бидејќи како наближува крајот на сезоната сите тимови имаат згуснат распоред.

Коментари

коментари