Немилосрдниот Луис ван Гал

Немилосрдниот Луис ван Гал

Луис ван Гал ја одржа првата прес – конференција во новата сезона и тој уште еднаш покажа дека е вистински професионалец и лидер кој носи ладноркрвни но исправни одлуки.

Холанѓанецот минатата сезона покажа дека се работи за човек кој има свои принципи и т.н. филозофија по која работи и не дозволува ништо да му застане на патот. Ван Гал тоа го докажа и во подготовките и првите денови од новата сезона и тоа преку играчите со кој има долга соработка.

На прес – конференцијата во пресрет на дуелот со Клуб Америка тој беше запрашан за заминувањето на Робин ван Перси. Ван Гал јасно одговори дека разговарал со Ван Перси и му дал до знаење дека следната сезона ќе има драстично помала минутажа доколку остане и најдобро е за него да си замине. Пред само една година токму Луис го именуваше Робин за капитен на Холандија на мундијалот во Бразил. Нашиот менаџер и капитенот на Холандија заедно ги следеа играчите за репрезентацијата и имаат пријателски однос кој воопшто не го принуди Ван Гал поради тоа да го остави играчот во клубот. Чиста ладнокрвна и несентиментална одлука, одраз на прав лидер и професионалец. Освен за Ван Перси тој беше запрашан и за изоставувањето на Виктор Валдес од турнејата. Луис изјави дека голманот не ја следи филозофијата на клубот и не ги задоволува етичките и фудбалските квалитети за да остане во Манчестер Јунајтед со што нема место за такви индивидуалци во Манчестер Јунајтед. Валдес одбил да настапи минатата сезона за У21 тимот иако тоа била одлука на Ван Гал која ја послушаа сите играчи досега, со тоа тој само му се спротиставил на Луис. Запрашан за иднината на Шпанецот тој кажа дека играчот ќе биде продаден и тој настапил против Хал само да ги покаже своите квалитети за заинтересираните тимови. Луис ван Гал беше менаџерот кој заедно со Франс Хук го забележа талентот на голманот и во 2002 – та година Валдес дебитираше за Барселона, сега дури 13 години подоцна доаѓа до сличен конфликт каде исто така тој одбива да игра за вториот тим. Имено, за време на владеењето на Ван Гал со Барселона, играчот исто така одбил да настапи за Барселона Б по што потоа следеше јавно извинување. Сега нема враќање и тој си заминува со што Манчестер Јунајтед цели на Серхио Ромеро, аргентинскиот репрезентативен голман кој е слободен играч по истекот на договорот со Сампдорија. Моментално Манчестер Јунајтед е најблиску до неговиот потпис иако интерес покажуваат Рома и Еспањол.

Заминувањето на Робин ван Перси и неизбежниот трансфер на Виктор Валдес само покажуваат дека кај Луис ван Гал никој нема привилегии без разлика на минатото, личноста или пак националноста. Во неговите очи сите се исти без разлика на репутацијата и статусот во светскиот фудбал, тој уште еднаш покажува дека е вистински професионалец кој има само една единствена цел, да го врати Манчестер Јунајтед на врвот. Доколку се работеше за сентиментален менаџер можеби Ван Перси уште ќе беше дел од клубот и Виктор Валдес ќе останеше како евентуална замена за Де Геа. Холанѓанецот и покрај тоа што можеби Де Геа ќе си замине дозволува Валдес да го напушти Манчестер Јунајтед со што покажува дека ниту еден играч не е поголем од него и Манчестер Јунајтед, никој не е незаменлив. Ова е само првата прес – конференција и жестокиот старт на сезоната каде Ван Гал исто така ги посочи новинарите кои шират лаги и погрешни информации. Ренесансата продолжува, а се знае кој е главниот и кој го има последниот збор, Луис ван Гал!

Louis van Gaal’s Red Army!

Коментари

коментари