Нани е новиот херој на Фенербахче

Нани е новиот херој на Фенербахче

Несудениот наследник на најдобриот играч во светот си замина од Манчестер Јунајтед, Португалецот потпиша тригодишен договор со турскиот вицешампион, Фенербахче.

Измешани емоции, солзи радосници и многу фрустрации, така би можеле да ја опишеме кариерата на Луис Нани во црвениот дрес која имаше многу успони и падови. Португалецот пристигна од Спортинг Лисабон за сума од 17 милиони фунти во 2007 – та година со што тој беше наследникот на Кристијано Роналдо во португалскиот клуб, а од него тоа се очекуваше и во Манчестер Јунајтед.

Неговата деби сезона ветуваше дека тој има потенцијал и талент со што може да стане еден од најдобрите играчи во светскиот фудбал. Видовме дел од тоа иако почекавме до втората половина од сезоната (2009/2010). Од тој момент Нани беше друг играч кој ја подигна играта на повисоко ниво со што впрочем и стана клучен играч од колективот на Сер Алекс Фергусон. Незаборавна втора полусезона и потоа маестрална година (2010/2011) при што клубот ја освои англиската Премиер Лига по рекорден 19 – ти пат и го помина Ливерпул. Таа сезона Нани воедно беше избран и за најдобар играч од своите соиграчи со што неговата форма продолжи и следната сезона која за жал беше неуспешна каде ја загубивме титулата на гол разлика. Од (2012/2013) следеше падот во кариерата на Портуалецот, односно блесоци и фрустрации кои кулминираа под водството на Дејвид Мојс каде тој се соочи и со многу повреди. Минатата сезона Нани беше на позајмица во Спортинг Лисабон како дел од трансферот на Маркос Рохо со што ја поврати својата форма и повторно гледавме играч кој решава мечеви. Сето тоа не беше доволно за тој да се врати во Манчестер Јунајтед кој сврти нов лист и се одлучи да го продаде играчот, што воедно е правилната одлука. Фенербахче исплати 4.2 милиони фунти за Португалецот кој си заминува за исклучиво ниска сума, уште еден доказ дека клубот е прилично очаен во преговорите кога се работи за продажба на играчите. Нани е третиот играч кој си заминува во последните неколку дена по заминувањата на Саиди Јанко и Анџело Енрикез.

Со заминувањето на Луис се ослободува голем простор и нови можности бидејќи Нани со новиот договор заработуваше околу 120.000 фунти неделно. Тој беше пречекан како херој во Фенербахче, а се шпекулира дека тука не застануваат преговорите помеѓу овие два клуба бидејќи сега тема на разговор е Робин ван Перси. Во секој случај треба да му се заблагодариме на Нани за се што направи во црвениот дрес и неговата кариера можеше да има многу поразличен епилог, Луис е фантастичен играч, но Манчестер Јунајтед добива нова димензија од која тој не е повеќе дел од неа.

Thank you Luis Nani!

Коментари

коментари