Младиот тим до 18 години ја заврши сезоната на 4 – та позиција во Премиер Лигата

Младиот тим до 18 години ја заврши сезоната со победа над Евертон но не успеа да се пласира во завршната фаза од Премиер Лигата, повторно малку недостасуваше избраниците на Пол МекГинис да се борат за титулата.

Вчера У18 тимот ја заврши сезоната со победа над Евертон но тоа беше пирова победа бидејќи уште пред некое коло играчите ги загубија шансите да заиграат во Final 4 од овогодинешната Премиер Лига. За жал ова се случува втора сезона по ред и исто како и минатата така и оваа, малку недостасуваше тие да се борат за титулата.

Оваа сезона како и во У21 видовме многу играчи кои настапија за Пол МекГинис, во месец јануари тренерот ги загуби своите најдобри играчи како Ротвел, Пирсон, Переира и Вилсон бидејќи тие почнаа да играат за Ворен Џојс. Тој се трудеше да состави конкурентен дури и некои 16 годишни играчи дебитираа но тоа не беше доволно за да се избори пласман помеѓу првите две позиции на табелата кои водат во завршната фаза. Се разбира дека тука исто така влијаеше и густиот распоред и настапот во Лигата на шампионите на У19 тимот, како и повредата на најдобриот стрелец Ешли Флечер која го оддалечи од терените. Но мора да признаеме и дека некои играчи не беа доволно добри и поради тоа го напуштија клубот. Таков беше случајот со Николас Јоану кој замина во Кипар каде ќе настапува за Апоел но и со Бен Барбер кој неодамна потпиша договор со Стоук. Освен овие играчи треба да очекуваме уште неколку кои ќе го напуштат клубот и ќе се гради нов млад тим од талентирани играчи кои во иднина можеби ќе заиграат за првиот тим на Манчестер Јунајтед.

Сезоната ја завршивме на 4 – та позиција по вчерашната победа над Евертон и ни недостасуваа 11 бода да се пласираме во следната фаза. Иако сега се 11 бода и изгледа премногу тоа се случи поради мечевите на кои предвреме впишавме три бода и на крај ги загубивме или одигравме нерешено. Во Final 4 ќе играат Манчестер Сити, Евертон, Тотенхем и Вест Хем тимови кои имаат одлични младински школи, пред сè Вест Хем.

Како најдобри играчи оваа сезона би можеле да ги издвоиме Џошуа Хероп, Шон Гос, Метју Вилок и Ешли Флечер. Во оваа група можеме да го додадеме и крилниот играч Деметри Мичел кој почна да игра за У18 по месец јануари откако Пирсон, Ротвел, Переира и Вилсон почнаа да игра за У21. Се надеваме дека следната сезона ќе ја прекинеме серијата и ќе имаме шанса да се бориме за трофејот во лигата но и во ФА купот каде оваа сезона бевме елиминирани од Хадерсфилд.

Коментари

коментари