Манчестер Јунатед му нанесе пораз на Баерн Минхен

Манчестер Јунатед му нанесе пораз на Баерн Минхен

Легендите на Манчестер Јунајтед издвојуваа победа над ѕвездите над Баерн Михен во прилично интересен натпревар за гледачите на Олд Трафорд.

Во вториот меч од овој ревијален натпревар, со оглед на тоа дека минатата година се одигра еден на Алианц арената кој заврши со реми 3 – 3, Манчестер Јунајтед е поуспешен со вкупен резултат 7 – 5. Играчите приредија одлично шоу и меч каде гледавме атрактивен фудбал исполнет со убави погодоци.

На денешниот натпревар Сколс беше капитенот на избраниците на Брајан Робсон кои победија со 4 – 2. Првиот погодок го постигна францускиот напаѓач Лиус Саха кој навидум среќно ја внесе топката позади Ханс Јорг Бут. Неколку минути подоцна следеше израмнување откако Сколс направи кардинална грешка по што следеше лесна завршница на Зиклер против Едвин ван дер сар. Двајт Јорк кој одигра солиден меч нè врати во водство по една мешаница во шеснаесетникот на германскиот чувар на мрежата. Баерн не се откажа лесно и повторно го израмни резулатот од слободен удар, преку поранешниот играч на Манчестер Сити, Тарнат. До крајот на полувремето Енди Кол постигна нов гол со кој Манчестер Јунајтед замина на паузата со водство од 3 – 2.

Иако изгледаше дека лесно може да се случи повторно епилогот да биде 3 – 3 тоа го променија нашите играчи бидејќи Манчестер Јунајтед постигна нов гол во вториот дел со кој ја завери победата. Најубавиот гол го постигна Јеспер Бломквист по асистенцијата на Карел Поборски. Чехот се избори по десната крилна позиција и го пронајде Швеѓанецот во шеснаесетникот кој ја заби топката во голот на Бут за конечни 4 – 2.

Многу легенди и поранешни играчи кои во минатото беа поим во фудбалската игра надополнето со одлични погодоци и хуманитарна цел за организацијата на Манчестер Јунајтед. Ова е уште еден доказ дека спортот и хуманоста имаат нешто заедничко, а тоа се насмевките на сите среќни лица кои ќе добијат дел од средставата собрани од овој спектакуларен натпревар.

#LegendsAreBack

Коментари

коментари