Манчестер Јунајтед и Адидас договорија рекорден договор за соработка

Манчестер Јунајтед вчера официјално потврди дека е постигнат договор за соработка со Адидас како главен спонзор на клубот во следната деценија. Овој договор ги поместува и поставува нови граници во спортот и маркетингот.

По соработката со Најк која беше една од најуспешните во историјата на клубот Манчестер Јунатед врти нов лист со што се враќа на старите патеки и повторно соработува со Адидас. Манчестер Јунајтед и Адидас соработуваа во периодот од 1980 – та до 1992 – та година и за тој период нашиот клуб имал навистина естетски убави дресови и богат договор. Сега по повеќе од 20 години повторно се направи една битка помеѓу брендовите од која како победник е Адидас.

Овој договор е најважната соработка за еден спонзор поврзан со спортски клуб во историјата. Манчестер Јунајтед обелодени дека во следните десет години ќе заработи минимум 750 милиони фунти со што тоа е годишна сума од 75 милиони фунти. Оваа сума ќе расте бидејќи се работи за минимум, како што пишува во соопштението на официјалната страна. Кога би го споредиле овој договор со тие на останатите клубови разликата е огромна. Втор на оваа листа е европскиот шампион Реал Мадрид со договор на Адидас но со сума од само 31 милион фунти. Од англиските клубови тука се само Арсенал (Пума) со 30 милиони фунти и Челзи со истата сума но со Адидас.

Договорот на Манчестер Јунајтед со Адидас спореден со останатите клубови од фудбалскиот свет.

Најк не понуди конкурентна сума и поради тоа ја загуби битката а тие во последните неколку години загубија и други значајни клубови како на пример Арсенал кој сега како спонзор го има бреднот Пума. Во преговорите биле вклучени и Вориор кои имале дури повисока понуда од Адидас но Манчестер Јунајтед паметно се одлучил за германскиот спонзор. Можеби Вориор нудел поголема сума но дресовите што ги произведуваат како пример ќе ги земеме тие на Ливерпул и Порто се ужасни во споредба со тие на Адидас и Најк. Технологија на дресот произведена од Најк и Адидас е на врвот во оваа индустрија, тоа сигурно било земено обѕир од нашиот клуб.

Официјалното соопштение од Адидас во однос на договорот со Манчестер Јунајтед.

Со овој договор се очекува долгот на клубот драстично да се намали во следната деценија и целосно да исчезне бидејќи Манчестер Јунајтед од Адидас и Шевролет годишно ќе заработува минимум 128 милиони фунти. Ова е збир само од два спонзори а да не ги заборавиме Аон и останатите кои беа договорени во текот на изминатата година. Иако клубот заврши на 7 – та позиција во англиската Премиер Лига и не избори пласман во Европа покажува дека се работи за највредниот бренд во светот и дека пред нас се добри времиња. Со овие договори секако ќе пристигнат и звучни имиња на Олд Трафорд почнувајќи уште од ова лето. Секако треба да му се оддаде и признание на Едвард Вудвард кој е најзаслужен за маркетингот на клубот и раководењето со овој дел.

Коментари

коментари