Манчестер Јунајтед го засили У18 тимот со осум нови играчи

Манчестер Јунајтед потпиша договори со осум нови играчи кои од следната сезона ќе го засилат младиот тим до 18 години на Пол МекГинис.

Пол МекГинис ќе добие засилувања за својот тим следната сезона и од помладите категории пристигнуваат дури осум нови играчи. Овие играчи пристигнуваат во клубот од помладите категории и тие ќе ги надополнат местата на позициите на кои неколку играчи го напуштија клубот како што беше случај со Николас Јоану кој замина во Апоел и левиот бек Бен Барбер кој потпиша со Стоук. На нивните места пристигнуваат тројца нови дефанзивци меѓу кои Џими Дан, Тајлер Рид и Чарли Скот. Чарли Скот би требало да биде замената за Бен Барбер бидејќи Скот како и Барбер игра на бековските позиции.

Покрај овие дефанзивци договори потпишаа уште неколку играчи но од средниот ред меѓу кои, Тревис Џонсон, Тосин Кехинде и Аксел Тванзебе. Аксел и Тосин во изминатата сезона неколку пати играа под палката на Пол МекГинис. Покрај засилувањата за одбраната и средниот ред, за голманската позиција ќе конкурира Оли Брн кој најверојатно ќе го замени Џоел Кастро Переира кој од следната сезона ќе игра за У21 тимот. Во нападот како засилување е Маркус Рашфорд кој минатата сезона забележа дури десет настапи за У18 и се покажа како огромен талент и опасност за противничкиот гол. Тој дури постигна и четири погодоци за У18 во минатата сезона. Младиот Рашфорд имаше понуда и да се пресели во Манчестер Сити но тој ги одби Граѓаните и се одлучи својата кариера да ја продолжи во Манчестер Јунајтед

Дел од овие играчи минатата сезона веќе забележаа неколку настапи за У18 и со тоа ги уверија тренерите на клубот да им овозможат да продолжат во повозрасните категории. Пол МекГинис и неговите избраници и минатата сезона не успеаја да стигнат до завршницата од Премиер Лигата бидејќи во тимот имаше големи измени на почетокот од оваа 2014 – та година и тоа го чинеше тимот премногу. Следната сезона овој тим ќе цели на завршницата од Премиер Лигата како и на освојување на младинскиот ФА Куп.

Коментари

коментари