Манчестер Јунајтед го освои Купот на Манчестер!

Манчестер Јунајтед го освои Купот на Манчестер!
  • во

Манчестер Јунајтед со пресврт и четири гола на Џејмс Вилсон ја одбрани титулата во купот на Манчестер.

Сините од Манчестер го започнаа мечот подобро и тие ја презедоа иницијативата и со тоа создадоа неколку шанси. Играчите на Ворен Џојс изгледаа ко првпат да играат едно финале и тоа беше бледа сенка на тимот од минатата сезона. Како одминуваше првото полувреме Манчестер Сити беше поконкретен и тоа кулминираше со гол на Џорди Ивула. Како виновници за голот можеме да ги посочиме стоперите кои не беа на ниво, Патрик МекНер дозволи топката да помине низ петтерецот на Переира а пак Том Торп го загуби својот играч кој постигна гол. По примениот гол ништо не се промени а изгледаше ко да е потребна промена во средниот ред кој минатата сезона функционираше одлично. Последните пет минути од полувремето Манчестер Јунајтед почна да наликува на себеси и во 46 – та минута Џејмс Вилсон постигна маестрален гол. Тој од средината на теренот повлече и заврши со топката во голот со што го израмни резултатот. Голот на Вилсон беше како студен туш за играчите на Манчестер Сити, тимовите на полувремето заминаа при резултат 1 – 1.

Почетокот на второто полувреме значеше и почеток на мечот за Манчестер Јунајтед, препознатлива доминација на средината од теренот со влегувањето во игра на Џошуа Хероп. Оттука Манчестер Сити се бранеше на својата половина и ги пречекуваше нападите на Црвените Ѓаволи. Џејмс Вилсон повторно беше најголемиот проблем за одбраната на Сити и тоа резултираше со втор гол по асистенцијата на Переира. Уште една одлична завршница од Вилсон за целосен пресврт на Манчестер Јунајтед. По вториот гол на Вилсон следеа нови шанси на Переира и Џејмс но за жал конечно се одбрани Манчестер Сити. Но тука не застанаа играчите и сакаа да го дотолчат Сити и да покажат кој е кој во Манчестер. Џејмс Вилсон го крунисаше фантастичниот меч со хет – трик и уште еден одличен гол. Контранапад по кој тој ја смести топката во голот како расен напаѓач. Ако мислевме дека тука е крајот се лажевме бидејќи Вилсон постигна и четврти гол со кој покажа дека можеби се работи за најталентираниот млад напаѓач во светот. Одличен прием на топка и повторно расна завршница. Крај на натпреварот, Вилсон 4 – 1 Манчестер Сити.

Нема потреба да кажеме кој беше најдобриот играч на теренот, Џејмс Вилсон го тероризираше Манчестер Сити и одбранбените играчи немаа лек за напаѓачот. Тој уште еднаш покажа дека се работи за огромен талент кој има расна завршница и се надеваме дека тој под палката на Луис ван Гал ќе го исполни потенцијалот и ќе стане еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Манчестер Јунајтед со оваа победа ја одбрани титулата и покажа кој е најдобриот тим во Манчестер. Иако првото полувреме само една бледа сенка на тимот од минатата сезона во второто полувреме покажавме зошто сме вицешампиони во Премиер Лига и бранители на трофејот. Се надеваме дека играчите овој триумф ќе го искористат само како мотив плус за почетокот на сезоната.

#CHAMPIONS!

Коментари

коментари