Манчестер Јунајтед го декласираше Бриж за враќање во Лигата на шампионите!

Манчестер Јунајтед го декласираше Бриж за враќање во Лигата на шампионите!

Нашиот клуб се враќа во најелитното клупско натпреварување, Манчестер Јунајтед и во Белгија беше подобар од Бриж, одлично издание на избраниците на Ван Гал.

Фантастично издание на Манчестер Јунајтед во Белгија, маестрална победа од 0 – 4 во Бриж со хет – трик на Руни и гол на Ерера.

Ван Гал за овој натпревар ја промени средината од теренот со што Керик и Ерера играа на местото на Шнајдерлин и Швајнштајгер. Тоа се покажа како одличен потег со кој освен што ги одмори Французинот и Германецот, исто така нашата средина функционираше перфектно. Првиот гол пристигна по 20 – та минута кога Депај по левата крилна позиција влезе во средината и го пронајде Руни. Капитенот одлично ја заврши тимската акција која започна од одбраната и тоа беше доволно за 0 – 1. Неколку минути по голот на Руни, Депај имаше шанса да го зголеми водството, но стоперот на Бриж го спречи неговиот удар. При крајот на полувремето напаѓачот на Белгијците остана сам со Ромеро каде нашиот голман целосно ја неутрализираше опасноста и се покажа одлично. На полувремето заминавме со целосна контрола и предност од 0 – 1.

Во второто полувреме го видовме најдоброто од Манчестер Јунајтед оваа сезона, ескплозија од креативност и завршница. Руни го запиша својот втор гол по уште една одлична акција, но овојпат асистент беше Ерера каде топката беше претходно кај Депај. Вејн го завери својот хет – трик со нов погодок по асистенцијата на Мата, брз убав фудбал од избраниците на Ван Гал. Со влегувањето во игра на Швајнштајгер на полувремето добивме поголема стабилност на средината од теренот и токму тој асистираше за последниот гол, Ерера беше стрелец. Андер остана сам со голманот на Бриж и лесно ја смести топката во мрежата на белгискиот тим. Имавме шанса и за петти погодок кога Руни изнуди пенал после центаршут и игра со рака, но Чичарито го изведе ударот и шутираше покрај голот. Мексиканецот имаше уште една изгледна шанса за гол, но го префрли истиот од пет метри. На крајот издвојувавме голема победа од 0 – 4 и со тоа го заверивме пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите.

XI: Ромеро, Дармијан, Смолинг, Блинд, Шо, Керик, Ерера (Чичарито), Мата (Јанг), Јанузај (Швајнштајгер), Депај и Руни. (4 – 2 – 3 – 1)

Фантастичен натпревар од сите играчи, брз фудбал со одлични акции кои започнуваа од голманот, а завршуваа со Руни кој постигна хет – трик. Најдобриот натпревар за нас оваа сезона, тоа го покажа резултатот, но и играта. Секако, како најдобар поединец денеска би го издвоиле Вејн Руни кој беше магичен, насекаде на теренот и постигна три погодоци со кои му се зголемува самодовербата. Ерера одигра одличен натпревар и го покажа своето значење за Манчестер Јунајтед, не смееме да го заборавиме ниту Депај како и замената Швајнштајгер.

Со конечен резултат од 7 – 1 се пласиравме во групната фаза од Лигата на шампионите, по една година пауза се враќа помеѓу шампионите т.е. таму каде што припаѓаме. Сега ја очекуваме утрешната ждрепка каде ќе ги добиеме противниците за групната фаза.

We are back! #UCL

Коментари

коментари