Манчестер Јунајтед 1 – 0 Саутемптон

  • во

У21 со уште една победа и се поблиску до завршната фаза од премиер лигата.Поради големиот број на позајмици кои се случуваа низ сезонава У21 тимот цело време трпи некои измени но тоа не е проблем за тоа тие да бидат втори во групата во премиер лигата после победата од 1 – 0 над Саутемптон.

Од мечот со Саутемптон може да се заклучи само дека дефинитивно требало да победат со поголема разлика со оглед на големиот број на шанси што ги имале. Тотална доминација од 90 минути која за жал резултирала со победа само од 1 – 0.

Веднаш по почетокот на мечот следела мала пауза поради ударот помеѓу Вермајл и играчот на Саутемптон Чемберс. Подебелиот крај го извлекол Чемберс кој се здобил со шест конци на главата додека Вермајл со четири. И двајцата играчи биле заменети по ударот, Рис Џејмс влегол на местото на Вермајл.

Најзрелата шанса на мечот ја имал Лингард кога при асистенцијата од Рис Џејмс за жал топката ја погодила само стативата. Исто така добра шанса имал и Пауел кој после одличниот пас на Весели го промашил голот. Таниклиф имал неискористена прилика кога шутирал над голот а имал и солиден шут од слободен удар. Но одбраната на Саутемптон не успеала да издржи и да се одбрани. Во 46-та минута при првите секунди од второто полувреме после одличната асистенција на Рис Џејмс бил постигнат гол. Стрелец на голот бил Џеси Лингард. После постигнатиот гол најдобрата шанса ја имал капитенот Торп но ударот со глава бил исфрлен од гол линијата. И покрај големиот број на шанси резултатот останал само 1 – 0.

Најдобри поединци на мечот биле Весели и Јанузај. Весели иако не му е природна позиција десен бек одлично надополнувал со Јанузај и претставувале голема закана за Саутемптон. Весели сезонава за Јунајтед има играно на дури три позиции. На овој меч играл како десен бек додека на претходните неколку деструктивец а на почетокот на сезоната играше стопер. Јанужај како и во последните пет меча е одличен за Јунајтед.

Со оваа победа У21 се искачуваат на втората позиција одма зад Тотенхем кој има предност од 8 бода но и меч повеќе. Треба да останеме на една од првите три позиции во групата доколку сакаме да продолжиме понатаму. Следен меч е против лидерот Тотенехм и се игра на 15-ти април.

Тимот кој настапил против Саутемптон.

XI: Амос, Весели, Торп, Форнасиер, Вермајл (Џејмс 11), Лингард, Екангмен, Таниклиф, Кол, Јанузај, Пауел.

Замени: Сатерленд, Блекет, Хендри, Лоренс.

Коментари

коментари