Манчестер Јунајтед 1 – 0 Челзи

Младинците издвојуваа победа од 1 – 0 над Челзи и се вратија на победничките патеки.

После мала пауза продолжи елитната фаза од премиер лигата. Минатата недела младинците беа во САД каде што играа на Далас купот.

Иако последното коло не успеаа да издвојат победа против Евертон и одиграа само 1 – 1 доволен мотив беше мечот против Челзи за да се вратат на победничките патеки. После оваа победа тимот е во уште подобра позиција за да влезе во финалната фаза од премиер лигата.

Победата иако е остварена преку авто гол шансите биле на страната на нашите младинци. Најзрелата шанса ја имал Сем Брн кој не успеал да постигне гол откако ја поминал противничката одбрана и останал сам со голманот на Челзи, за жал голманот бил поуспешен. Исто така добра шанса имал и Ротвел но успеале фудбалерите на Челзи да го блокираат ударот. Играчите на Челзи скоро и да немале некои посериозни удари кон голот на Сатерленд.

Голот паднал во 82-та минута после одлична акција помеѓу Џејмс Вир и Брн, лошата реакција на Норти резултирала со авто гол. После водството од 1 – 0 , Сем Брн имал и шанса да стави крај на надежите на Челзи но повторно бил неуспешен.

Во последните минути младинците на Челзи имале неколку неуспешни обиди за постигнување гол. Одбраната била смирена и успешно се одбранил тимот.

После оваа победа младинскиот тим на Јунајтед се наоѓа на 3-та позиција на табелата со 17 бода од 9 одиграни мечеви. Пред нас е Саутемптон кој има одиграно дури два меча повеќе,  на првата позиција е Фулам со ист број на одиграни мечеви колку нас и 4 бода предност. Во финалната група продолжуваат само првите 3 клуба на табелата. Следен противник е Саутемптон и мечот се игра на Керингтон. Со нова победа ќе извршиме дополнителен притисок за втората позиција.

Тимот кој настапил против Челзи.

XI: Сатерленд, Лав, МекНер, Гримшо, Еванс (Бармби 46), Вир, Пирсон, Ротвел (Переира 66), Раџ, Дели, Вилсон (Брн 46).

Замени: Џоел Кастро Переира и Јоану.

Коментари

коментари