Лотаријата започна, аплицирајте за УЕФА Супер Куп Скопје 2017!

Лотаријата започна, аплицирајте за УЕФА Супер Куп Скопје 2017!

Започна аплицирањето за билети за европскиот Супер Куп во Скопје, дознајте ги сите потребни информации во однос на процесот при аплицирање.

Денеска ФФМ одржа прес – конференција во Скопје со двајца претставници од Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Емилио Бутрагењо и Луис Саха. Шпанецот и Французинот имаа за цел дополнително да го најават европскиот Супер Куп, како и фактот дека УЕФА денеска ги објави официјалните информации во врска со аплицирањето и билетите за мечот на 8 – ми август.

Имено, како што најавивме вчера, се применува истиот принцип на аплицирање кој веќе го објаснивме, но треба да се појаснат неколку работи. Аплицирањето започна денеска со почеток во 14 часот и ќе трае сè до 4 – ти јули во истото време. Без разлика на тоа кога ќе аплицирате за билети, дали денеска или пак на последниот ден, тоа нема да биде никаква предност во однос на шансата за добивање билети. Секој носител на апликација може да поднесе барање за максимум 4 карти за една од понудените категории односно билети во вредност од 15, 30 и 50 евра. Носителот на барањето, освен за себе, мора да пополни и лични податоци за секоја од останатите 4 личности, вклучувајќи број на лична карта или пасош. Картите нема да може да се препродаваат или пак пренесуваат и само лицата за кои е наменета карта ќе имаат можност да го откупат билетот и со него и лична идентификација да влезат на стадион. Капацитетот ќе биде 30.500 гледачи т.е. 75% (23.000) од овие седишта се наменети за нормална продажба и целиот свет без никави ограничувања или предност дали сте од Македонија или од било која друга држава на земјината топка. Оние кои ќе бидат извлечени како добитници во оваа лотарија ќе бидат известени по е – меил до 14 – ти јули.

Апликација можете да поднесете преку следниот линк, а доколку имате прашања тоа исто така е уредено на македонски јазик. Ви посакуваме среќа на сите кои ќе аплицирате бидејќи конкуренцијата е милионска, а исто така и нам посакајте ни среќа бидејќи и ние на истиот начин ќе се обидеме да стигнеме до билет, среќно!

Коментари

коментари