Лига на Шампиони | Пред нашиот дуел со Бриж

Лига на Шампиони | Пред нашиот дуел со Бриж

Најелитното клупско фудбалско натпреварување се враќа на Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед го пречекува Бриж во првиот меч од плејоф двомечот за пласман во групната фаза…

Бриж денеска гостува на Олд Трафорд, вицешампионот на Белгија веќе ја започна својата сезона и моментално е прв во белгиското првенство. Тие во претходното квалификациско коло од Лигата на шампионите го победија Панатенаикос и имаа прилично интересно лето со што си замина еден од најдобрите играчи, австралискиот голман Мет Рајан кој потпиша за шпанска Валенсија. Освен Рајан си заминува и напаѓачот Том Де Сутер, но по двомечот со нашиот клуб. Неговата замена е Абдулај Диаби од француски Лил, напаѓачот од Мали е подготвен за настап.

Бриж има огромни проблеми со повреди во своите редови, Израелецот Лиор Рафаелов ќе го пропушти денешниот дуел поради повреда, тој воедно е најдобриот играч на Белгијците. Тие играат најчесто во формација 4 – 3 – 3 и денешниот меч ќе биде првиот официјален во историјата помеѓу овие два клуба.

Van Gaal & Adnan Januzaj

Манчестер Јунајтед се враќа во Лигата на шампионите при одлична атмосфера и победничка форма, досега остваривме две идентични победи против Тотенхем и Астон Вила. Луис ван Гал нема големи проблеми со повредени играчи, денешниот дуел ќе го пропушти едиствено Фил Џонс додека повторно нема да ги видиме Виктор Валдес или Давид Де Геа, сите останати играчи се подготвени за настап вклучувајќи го и Маруан Фелаини кој е суспендиран во англиската Премиер Лига.

XI: Ромеро, Дармијан, Смолинг, Блинд, Шо, Шнајдерлин, Швајнштајгер, Мата, Јанузај, Депај и Руни. (4 – 2 – 3 – 1)

Минатиот меч против Астон Вила видовме неколку промени и тоа може да го очекуваме и денеска најверојатно во средниот ред додека одбраната се очекува да настапи во ист состав бидејќи досега функционира беспрекорно. Швајнштајгер можеби конечно ќе добие шанса од првата минута на местото на Мајкл Керик додека може да очекува промена и позади напаѓачот каде Јанузај би бил заменет или пак Мата или Депај. Исто така не ја исклучуваме можноста денеска Ван Гал да им даде шанса на играчите кои имаат искуство од Лигата на шампионите бидејќи во моменталниот ростер имаме доста играчи кои допрва ќе дебитираат во ова натпреварување.

Ван Гал и неговите избраници денеска треба да остварат победа од неколку голови разлика за мирен реванш во Белгија следната среда. Сите кои го посетиле Олд Трафорд за дуел од европските натпреварувања велат дека атмосферата е посебна за тие мечеви, па така се очекува и денеска, пред сè поради тоа што се враќаме во Лигата на шампионите по една година пауза. Очекуваме триумф и неверојатна атмосфера на „театарот на соништата“.

BELIEVE

Коментари

коментари