Калум Грибин потпиша нов договор за светла иднина на Олд Трафорд

Калум Грибин потпиша нов договор за светла иднина на Олд Трафорд

Најталентираниот играч од академијата на Манчестер Јунајтед потпиша нов четиригодишен договор со кој останува на Олд Трафорд.

Калум Грибин, 16 годишниот версатилен играч за врска официјално потврди дека потпишал нов четиригодишен договор со Манчестер Јунајтед. Англичанецот важи за моментално најталентираниот играч од академијата на клубот кој и покрај својата возраст рапидно се пробива низ категориите на истиот. Тој минатата сезона настапуваше за категоријата на Пол МекГинис до 18 години, а исто така тренираше и беше на клупата за резерви за У21 тимот.

Луис ван Гал го забележа неговиот талент и на првите тренинзи пред заминувањето на турнејата, младиот Грибин тренираше со првиот тим. Ливерпул беше заинтересиран за Калум и му понуди богат договор кој Грибин го одби за да остане на Олд Трафорд и да ја продолжи својата кариера во црвениот дрес и најтрофејниот англиски клуб. Следи блескава иднина за Калум доколку ги следи инструкциите на тренерите во Манчестер, Ван Гал важи за менаџер кој им дава шанса на младите играчи, го гледаме тоа на турнејата. Впрочем, Холанѓанецот со само 16 години го вклучи Грибин во тренинзите за првиот тим. Освен Грибин, нови договори потпишаа РоШон Вилијамс и Зек Дрнли кои исто така важат за големи таленти од академијата.

Честитки до младиот Грибин и се надеваме дека тој ќе прерасне во играч од светска класа.

Коментари

коментари