Како до билети за УЕФА Супер Куп Скопје 2017?

Како до билети за УЕФА Супер Куп Скопје 2017?

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид во август го играат европскиот Супер Куп во Скопје, најчесто поставуваното прашање за изминатиот период и ова лето е како да се стигне до карта за овој мега спектакл, ви даваме одговор на истоименото прашање. #weareback

Епицентарот на ова фудбалско лето е Скопје, на 8 – ми август на арената Филип II во рамките од УЕФА Супер Куп натпреварувањето ќе се сретнат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед како победници на Лигата на шампионите односно Лига Европа. Се работи за двата најголеми клубови во светскиот фудбал што само додава тежина на овој меч каде победникот ќе го однесе првиот европски трофеј во пресрет на новата сезона. Со оглед на овие факти, најчесто поставуваното прашање е како може да се дојде до билети за овој натпревар? Одговорот е следен.

ФИФА, УЕФА, а по нивен пример и сите големи светски клубови негуваат посебен начин и систем кога се работи за билети за вакви големи и важни натпревари. Целиот процес се состои од апликација, одобрување на истата па купување на картата. Односно, УЕФА потврди дека детални информации за билети ќе обелодени на 13 – ти јуни, односно утре, по што сè ќе биде појасно. Од утре се очекува да почне аплицирањето за билети односно секој ќе треба да пополни електронска апликација со лични податоци и електронска картичка (УЕФА исто така извести дека наплата ќе се врши во евра и само ВИЗА и МастерКард картичките ќе можат да бидат искористени) преку која ќе го плати билетот ако му биде одобрена апликацијата. Процесот на аплицирање се очекува да трае до почетокот на јули по што ќе се знае кои ќе искочат како добитници од оваа т.н. лотарија. Добитниците ќе имаат период од неколку дена во кои ќе можат да си го платат билетот, а во спротивно доколку тоа не го сторат за тој период, картата се враќа во продажба. Со овој начин рамноправна шанса добиваат сите да се стекнат со билет, бидејќи интересот е огромен, а само УЕФА ќе продава карти што значи дека ова ќе биде единствениот начин да се стигне до карта. Ваквиот процес е од есенцијално значење за УЕФА бидејќи се зголемува процентот на заштита за продавање на фалсификувани карти и препродавање на истите. За финалето од Лига Европа, кое се играше во Стокхолм се примени истиот начин, по што само одредена бројка на Швеѓани го гледаа финалето. Арената Филип II или Телеком арената собира 33.400 гледачи, но поради безбедносни причини оваа бројка ќе биде намалена, а кога ќе го земеме предвид фактот дека Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе добијат околу 9000 билети за своите навивачи (исто така и во Англија и во Шпанија ќе се примени истиот начин за аплицирање за нивните фанови) за слободна продажба и аплицирање се очекува да бидат пуштени едвај 10 илјади карти. Цените на влезниците се очекува да бидат од 15 до 50 евра.

Утре ќе бидат познати сите официјални детали, а ќе ни биде потребна среќа на сите кои ќе испратиме апликација за да го гледаме натпреварот. Доколку стигнеме до информација за алтернативен начин до карта бидете сигурни дека ќе ве известиме. „Manchester Is My Heaven“ со ова се враќа целосно и продолжува со комплетна работа, ќе ве водиме цело лето во полна пареа и започнуваме со оваа важна информација за спектаклот во август!

Коментари

коментари

Attachment