Интернационален Куп | Пред нашиот дуел со Сан Хозе…

Интернационален Куп | Пред нашиот дуел со Сан Хозе…

По кратката одисеја и подготовките во Сиетл, Луис ван Гал и неговите избраници се во Сан Хозе каде ќе одиграат пријателски натпревар со истоимениот клуб.

Триумфот над Америка беше убав старт на турнејата во САД каде новите засилувања импресионираа со што и едно од нив, Морган Шнајдерлин го постигна победоносниот гол. Тимот е сега во Сан Хозе каде ќе одигра меч со овој клуб кој се наоѓа во долниот дел од МЛС лигата. Како и Америка така и Сан Хозе ја започна новата сезона и предноста е физичката подготвеност кај играчите кои се во полн натпреварувачки ритам. Ван Гал исто така напомена дека фудбалерите на Сан Хозе се драстично повисоки од тие на Америка и опасноста ќе доаѓа од корнерите и слободните удари.

Ако Клуб Америка важеше за најдобриот фудбалски тим во историјата на Мексико тоа не е случај со Сан Хозе кој во новата сезона е на 8 – та позиција од десет тимови во западната конференција. Тие бележат седум победи, четири ремија и осум порази. Статистички гледано Сан Хозе е далеку послаб противник од мексиканскиот клуб, и Америка беше вистинскиот тест за нас.

San Jose Earthquakes vs. Los Angeles Galaxy

Новиот стадион на Сан Хозе го носи името Аваја и има капацитет од 18.000 гледачи.

Луис ван Гал беше задоволен од своите избраници на претходниот натпревар и единствената замерка е во дел од дефанзивната организација и слабата завршница каде можеби требаше да постигнеме уште некој погодок. Холанѓанецот потврди дека повторно ќе отсуствуваат Давид Де Геа и Антонио Валенсија кои имаат ситни повреди, како и вториот голман Андерс Линдегард. Со оглед на тоа, Сем Џонстон кој беше импресивен против Америка ќе го одигра целиот натпревар. Повторно ќе гледаме сосема два различни тима во двете полувремиња каде единствено нема да има промена помеѓу стативите.

XI: Де Геа, Дармиан, Џонс, Блинд, Шо, Шнајдерлин, Керик, Мата, Депај, Јанг и Руни.

Новите засилувања импресионираа како и младите играчи, најдобар на теренот против Америка беше Шнајдерлин додека не заостануваше и Андреас Переира кој влезе во игра во вториот дел. Секако позитивни критики имаме и за Дармијан, Швајнштајгер и Депај.

Натпреварот започнува во 5 часот изутрина, а директен пренос можете да проследите на Арена Спорт 3.

Коментари

коментари