Интернационален Куп | Пред нашиот дуел со Пари Сен Жермен…

Интернационален Куп | Пред нашиот дуел со Пари Сен Жермен…

Манчестер Јунајтед во последниот подготвителен натпревар се сретнува со шампионот на Франција, клубот кој е последната пречка до одбраната на титулата во Интернационалниот Куп. 

Во последните неколку години Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен водеа неколку битки, но сите тие беа надвор од теренот, на трансфер пазарот. Сега двата гиганти ќе се сретнат во САД каде наградата ќе биде трофејот од Интернационалниот Куп, Лорен Блан и Луис ван Гал со своите избраници се најдобрите два тима во овогодинешното издание. Парижаните досега остварија победи над Бенфика и Фиорентина додека загубија од Челзи преку пенал рулетот со што имаат седум бодови. Францускиот стратег на располагање има играчи од светска класа како и таленти од клупската академија.

Предводникот на тимот, Златан Ибрахимовиќ ќе настапи на вечерашниот дуел додека ќе отсуствуваат играчите кои настапија на Копа Америка како Хавиер Пасторе и Езекиел Лавеци. Најдобриот играч на ПСЖ на овој куп е младиот напаѓач Жан Кевин Агустин. Во ростерот се и новите засилувања, голманот Кевин Трап и играчот за врска, Бенџамин Стамбули.

Како што напоменавме, овие два клуба водеа битки на трансфер пазарот и тоа е случај и ова лето. Уште на самиот почеток во мај, Мемфис Депај беше играчот за кој беше заинтересиран и ПСЖ, но Холанѓанецот го одби францускиот шампион и сега ќе игра против нив. Моментално, клубовите се во завршни преговори за трансферот на Анхел Ди Марија, Аргентинецот по само една сезона сака да си замине и тоа ќе биде во Франција, каде ПСЖ ќе исплати околу 50 милиони фунти, впрочем скоро истата сума за која тој пристигна на Олд Трафорд.

 Soldier Field (Chicago)„Soldier Field“ во Чикаго има капацитет од 61.500 седишта.

Луис ван Гал и играчите уживаат во престојот во САД каде заедно бележат победи и покажуваат солидна игра која ветува пред почетокот на сезоната. Досега ги совладавме Америка, Сан Хозе и Барселона и имаме вкупно девет бодови со што се наоѓаме на втората позиција на табелата. За време на подготовките пристигна уште еден нов играч, голманот Серхио Ромеро кој ќе биде во протоколот за натпреварот. Исто така Бастијан Швајнштајгер е подготвен за настап по ситната повреда поради која го пропушти мечот со Барселона, како и Чичарито кој ќе добие шанса да покаже дека неговото место е во Манчестер Јунајтед.

XI: Де Геа, Дармијан, Џонс, Блинд, Шо, Шнајдерлин, Керик, Мата, Јанг, Депај и Руни.

Досега Ван Гал воигруваше тим кој го подготвува за првиот натпревар од сезоната против Тотенхем, па се очекува повторно истите играчи да настапат до 60 – та минута. Со триумф на дуелот против ПСЖ ќе ја одбраниме титулата од Интернационалниот Куп, моментално имаме девет бодови, еден помалку од првопласираниот тим на Њу Јорк Ред Булс. Ова е последниот меч пред почетокот на сезоната, а со тоа и последна шанса за некои играчи да му покажат на Луис ван Гал дека тие треба да се дел од првиот тим кој ќе му се спротистави на Тотенхем за десет дена.

Директен пренос од натпреварот против ПСЖ имате можност да проследите на Арена Спорт 3 со почеток од 3 часот по полноќ.

Коментари

коментари