Интернационален Куп | Пред нашиот дуел со Клуб Америка…

Интернационален Куп | Пред нашиот дуел со Клуб Америка…

Манчестер Јунајтед го игра својот прв натпревар во сезоната против мексиканскиот клуб Америка во Сиетл како дел од Интернационалниот Куп каде минатата година бевме шампиони.

Сезоната започнува, нашите миленици повторно ќе зачекорат на терените каде ќе ги бранат обележјата на клубот. Овогодинешното издание на Интернационалниот Куп има нов формат и се одвива на неколку континенти. Манчестер Јунајтед е во групата тимови од Европа со Северна Америка во една група со 12 тима, каде ние ќе се сретнеме со четири противници. Најдобриот од оваа група ќе биде крунисан за шампион. Во првиот пријателски натпревар од овој турнир играме против најуспешниот мексикански клуб, Америка. Се работи за колектив со богата историја кој редовно се бори за титулата во домашното првенство, а исто така бележи и континентални успеси. Моментално дел од Америка е најдобриот мексикански напаѓач покрај Чичарито и Карлос Вела, а неговото име е Орибе Пералта. Херојот од Oлимпијадата во Рио де Жанеиро каде му го донесе златото на Мексико во финалето против домаќинот, 31 годишниот напаѓач е интегрален дел од репрезентацијата и редовно ги тресе противничките мрежи.

Игнасио Амбриз, менаџерот на Америк веќе ги заврши подготовките со своите играчи и сезоната за нив е започната со што тие се во полн натпреварувачки ритам. Ова ќе биде прв натпревар за нас во сезоната и вистински тест со што Америка би требало да биде повеќе од достоен противник за Ван Гал и неговите играчи.

CenturyLink FieldСтадионот во Сиетл каде Клуб Америка го пречекува Манчестер Јунајтед, арената има капацитет од околу 70.000 гледачи.

Холанѓанецот на својата прес – конференција најави дека кај него во тимот нема да има играчи кои се провлекуваат поради минатата или статусот во фудбалскиот свет и тоа веќе го почувствуваа Виктор Валдес и Робин ван Перси. Манчестер Јунајтед веќе неколку дена е во Сиетл каде тренира и се адаптира на промената на климата и временските зони. Иако секоја година нè следат повреди, досега за среќа нема ниту една и сите играчи се подготвени за настап. Ван Гал исто така потврди дека ќе има голема ротација со што е можна и целосна промена на тимот по првите 45 минути за сите играчи да добијат шанса.

XI: Де Геа, Дармијан, Смолинг, Џонс, Блинд, Шнајдерлин, Керик, Ерера, Мата, Депај и Руни. (4 – 3 – 3)

За очекување е да видиме силен првтим каде исто така ќе има и неколку млади играчи за потоа да следи целосна ротација. Сем Џонстон, Шон Гос и Андреас Переира се младите играчи кои ќе се обидат да го импресионираат менаџерот, додека секако тука се новите засилувања Матео Дармијан, Морган Шнајдерлин, Бастијан Швајнштајгер и Мемфис Депај.

Очекуваме интересен натпревар каде во преден план е фитнесот на играчите кои секако ќе се обидат да го импресионираат менаџерот и да покажат што знаат и умеат пред долгата сезона која следи.

Натпреварот започнува од 5 часот изутрина, а директен пренос имате можност да проследите на Арена Спорт 1.

Коментари

коментари