Хрватскиот шампион го откупи Анџело Енрикез

Хрватскиот шампион го откупи Анџело Енрикез

Манчестер Јунајтед потврди дека Чилеанецот останува во Динамо Загреб на перманентен договор.

Анџело Енрикез вчера стана шампион откако Чиле успеа да ја победи Аргентина во финалето од Копа Америка по што следеа и честитки од официјалниот твитер профил на Манчестер Јунајтед. Денеска во текстот за финалето на официјалната страна, клубот потврди дека всушност Енрикез е поранешен играч на Манчестер Јунајтед и дека сега тој е во сопственост на Динамо Загреб.

Чилеанецот минатата сезона ја помина на позајмица во Хрватска каде апсолутно блесна и постигна над 25 погодоци во сите натпреварувања. Тој пристигна во Манчестер Јунајтед од Универзидад де Чиле, но никогаш не доби шанса во првиот тим со што беше на неколку позајмици меѓу кои во Виган и Реал Сарагоса. Хрватскиот шампион имаше клаузула во позајмицата да го откупи целосно неговиот договор која воедно била активирана и Чилеанецот останува во хрватска престолнина. Анџело по одличната сезона се врати во репрезентацијата на Чиле и следи блескава иднина за него со што се очекува Динамо Загреб да биде само отскочна даска до некој од поголемите клубови во Европа.

Angelo Henriquez (MIMH)

Енрикез е само уште еден играч во низа кој си заминува од клубот откако тоа веќе го направија Јанко како и Нани кој денеска треба да ги помине неопходните медицински прегледи пред да го комплетира трансферот во Фенербахче. Сега во клубот како напаѓачи остануваат Вејн Руни, Робин ван Перси, Чичарито, Џејмс Вилсон и Вил Кин. Чилеанецот беше воедно и играчот кој ја ценеше нашата добра работа и го забележа тоа кога ги следевме неговите настапи за Динамо Загреб, му посакуваме сè најдобро во понатамошната кариера на Енрикез.

Коментари

коментари