Хавиер Рибалта станува дел од Манчестер Јунајтед

Хавиер Рибалта станува дел од Манчестер Јунајтед

Рибалта е нов член на клубот кој пристигнува од Јувентус и ќе има значајна улога во скаутирањето нови играчи и трансферите, притоа Хавиер е само уште еден чекор поблиску за остварување на трансферот на Алваро Мората…

Хавиер Рибалта е новиот соработник на Џим Лолор и Марсел Бут, со што тие заедно во консултации со Едвард Вудвард ќе бидат одговорни за раководење со скаутите, идентификување на нови млади таленти и подготовка за трансфери.

Шпанецот пристигнува од Јувентус каде во изминатите пет години со италијанскиот гигант ги освои сите трофеи во Италија, а притоа во два наврати стигна и до финалето од Лигата на шампионите. Рибалта, кој по потекло е од Каталонија има одличен процент на реализирани трансфери и идентификувано млади таленти од кои воедно Јувентус профитираше. Во овие трансфери се вбројува и оној на Пол Погба, кога тој си замина од Олд Трафорд, а Рибалта стоеше позади интересот на „старата дама“. Секако покрај Погба говориме и за играчи како Алекс Сандро, Дани Алвеш, Кингсли Коман, Пауло Дибала и Алваро Мората. Трансфер политиката на Јувентус доживеа драстични промени со промовирањето на Рибалта за главен менаџер во однос на скаутите и трансферите.

Со сето ова Манчестер Јунајтед добива нов човек кој ќе внесе визија плус во клубот, а пред сè овој потег на Вудвард е значаен бидејќи Хавиер беше инструментален во трансферот на Алваро Мората при неговото преминување во клубот од Торино. Мората потпиша за Јувентус во 2014 – та година, само две години подоцна се врати во Реал Мадрид, по што сега тој е број еден трансфер цел на Мурињо за напаѓачката позиција.

Хави е најголемата поддршка на Алваро во Торино. Неговиот пристап и однесување се клучот за да се чувствуваме пријатно во Италија, тој е голем познавач на фудбалот и е навистина феноменален. – таткото на Алваро Мората

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед остануваат во преговори за Алваро Мората кои треба за неколку дена да завршат со позитивна конклузија, а Алваро Мората сега има уште една причина да се пресели на Олд Трафорд. Хавиер Рибалта и неговата богата историја ќе бидат голема придобивка за Манчестер Јунајтед, летниот преоден рок сè уште не е започнат, а веќе се работи во полна пареа на сите полиња.

Welcome Javier Ribalta!

Коментари

коментари