Грешките во одбраната пресудни за елиминација од ФА купот

Младиот тим вчера се соочи со елиминација од ФА купот, тие не успеаа да остварат победа на гостувањето кај Хадерсфилд.

Тимот на Пол МекГинис се наоѓа во криза и нема забележано победа на веќе пет натпревари. Се започна со поразот од Њукасл минатиот месец кога тие загубија со 1 – 2. Мечот се играше во Манчестер и нашиот тим беше блиску до пресврт откако Њукасл прв поведе но неискористените шанси по голот на Рајли знаеше да ги казни Њукасл и оствари победа.

Оттогаш тимот загуби и од Болтон на гостински терен но и од Манчестер Сити и Блекбурн на домашен терен со што вчера следеше дуел со Хадерсфилд на гостински терен во рамките од младинскиот ФА Куп.

Хадерсфилд беше тимот кој неколку пати се закани на почетокот од мечот и иницијативата резултираше со гол во 14 – та минута кога одбраната лошо реагираше и ги остави играчите да си создадат шанса за гол која и ја искористија. По примениот гол во 26 – та минута Џејмс Вилсон го израмни резултатот по одличната асистенција на Метју Вилок од средината на теренот. При овој гол Вилсон покажа дека има одличен прием на топката и шут. До крајот на полувремето Хадерсфилд успеа повторно да го врати водството откако Бен Барбер кој играше на левата бековска позиција направи пенал и оваа шанса ја искористи домашниот тим. На полувремето резултатот беше 2 – 1.

Во второто полувреме нашиот тим напаѓаше и Вилсон имаше шанса да го израмни резултатот како и Переира но тоа не се случи. Саиди Јанко кој играше на десната крилна позиција а подоцна се врати на десната бековска позиција имаше солиден натпревар и беше еден од нашите најопасни играчи но тоа не беше доволно за нов гол. Хадерсфилд со конечен резултат од 2 – 1 продолжува понатаму во ФА купот.

Ова е петти натпревар во низа на кој тимот губи, ова се должи на големиот број играчи што ги ротира тимот бидејќи голем број од играчите кои играа за У21 заминаа на позајмица и сега дел од играчите на У18 играат и за У21, како на пример Андреас Переира и Џејмс Вилсон. Исто така тука е и повредата на најдобриот стрелец оваа сезона на У18 тимот, Ешли Флечер кој има повреда на коленото а и стоперот Рајан МекКонел.

Останува да видиме како ќе се ротираат двата млади тима со оглед на тоа дека Андреас Переира и Џејмс Вилсон играат најизменично и за двата тима. Најверојатно Андреас Переира и Џејмс Вилсон ќе бидат прекомандувани во У21.

Во Премиер лигата тимот се наоѓа на 4 – то место на табелата и треба да стигне до првите две места доколку сака да игра во 1/2 финалињата. Моментално тимот е оддалечен 11 бода од второто место но има и два меча помалку.

Шанса за враќање на победничките патеки е мечот против Мидлзборо следната сабота на домашен терен.

Коментари

коментари