Farewell, genius!

Пол Сколс ќе се пензионира по крајот на сезоната.

Оваа недела веќе се соочивме со едно пензионирање, и тоа на најдобриот тренер на сите времиња, Сер Алекс Фергусон. Сите го прифативме тоа со неспокој и жалење бидејќи прв пат по неверојатни 27 години ќе има смена на тренер на клубот и не знаеме како да реагираме. Најважно што е исто така, се работи за Ферги а не за било кој, човек кој не инспирира и верувам идол ни е на сите. Творецот на успесите на овој клуб во изминатите 27 години и човекот што го направи Манчестер Јунајтед тоа што е денес, најголемиот фудбалски клуб во светот.

Вчера помалку и очекувано и Пол Сколс го најави своето пензионирање по крајот на сезоната. Тој за прв пат се пензионираше во 2011-та година но потоа на почетокот од 2012-та година се врати од пензија за да му помогне на клубот поради проблемите со кои се соочуваше. Голем број на повреди во клубот го натераа Пол Сколс повторно да ги облече копачките и да одигра фантастични мечеви. Тој беше одлично засилување за тимот во вториот дел од сезоната.

Како и за Фергусон така и за Пол Сколс, нема потреба да ја објаснуваме и опишуваме неговата кариера. Една од најубавите кариери во фудбалот, еден од најдобрите играчи во историјата на Манчестер Јунајтед и дефинитивно еден од најдобрите играчи ако не и најдобриот  од средниот ред што можеби е виден во британското кралство. Неверојатни 716 меча за Манчестер Јунајтед и 155 гола. Високо ценет од сите соиграчи кои играле со него и играчите од останатите тимови. Познатите изјави на Чави и Зидан дека тој е најдобриот играч од својата генерација и дека е играч на кој секој треба да се угледа и да го идолизира.

‘‘In the last 10 to 15 years the best central midfielder that I have seen – the most complete – is Scholes’’ – Xavi (Spain & Barcelona)

‘‘My toughest oponent? – Scholes of Manchester. He is the complete midfielder. Scholes is undoubtedly the best midfielder of his generation’’ – Zidane (France)

Тој последен пат оваа сезона за клубот се појави во јануари во меч од ФА купот и повеќе од сигурно беше дека ќе се пензионира на крајот од сезоната. Полека но сигурно новите генерации се повеќе и повеќе добиваат шанса што е нормално но тој исто така и имаше проблеми со повреди на колената. Можно е од август да го предводи тимот на Олдам а можно е и да остане во Манчестер Јунајтед како дел од асистентите на Дејвид Мојс.

Денес тој ќе се закити со 11-от премиер лигашки медал и најверојатно ќе биде во стартниот тим против Свонси. Емоционален ден за секој фан на овој клуб, два великани за последен пат ќе ги видиме на Олд Трафорд. Ферги на клупата предводејќи го тимот а Сколс контролирајќи го средниот ред.

Фала ти за се што направи за нас Пол Сколс, никогаш нема да заборавиме каков играч беше и со која доза на пожртвуваност ги играше важните мечеви за овој клуб. Како момент за паметење би го издвоил маестралниот гол против Барселона во 2008-та во 1/2 финалето од лигата на шампионите и победоносниот гол на Истлендс во 90-та минута против Манчестер Сити.

Thank you Paul Scholes!

#CHAMPIONS2013

Коментари

коментари