Farewell, Captain Vida!

Неверојатниот капитен, најдобриот стопер во историјата на Манчестер Јунајтед вчера се прости од Олд Трафорд откако го забележа својот последен настап на Театарот на соништата.

Немања Видиќ и Манчестер Јунајтед, врска која датира од 2005 – та година кога на 25 – ти декември Манчестер Јунајтед го договори трансферот на српскиот репрезентативец од редовите на Спартак Москва. Сите ја паметиме познатата изјава на капитенот кога кажа дека ако е потребно ќе преплива до Англија само да заигра за Црвените Ѓаволи. Иако почетокот не ветуваше многу како одминуваше времето тој се адаптираше на англискиот фудбал и животот во Англија. Уште на почетокот во првите месеци Видиќ се закити со првиот трофеј и тоа Лига купот каде влезе во финалето од клупата за резерви. Следната сезона 2006/2007 беше од големо значење за Видиќ бидејќи тој почна да се етаблира како карпа во Премиер Лигата и му помогна на клубот да ја прекине доминацијата на Челзи и да се врати на тронот во Премиер Лигата. Оваа титула беше почетокот на големи нешта за Видиќ бидејќи тој досега со Манчестер Јунајтед освои преку 15 трофеи.

Трофеите на Немања Видиќ во дресот на Црвените Ѓаволи.

Нема да ви ја опишуваме кариерата на Видиќ бидејќи сите знаеме како тој играше за нашиот клуб и за каков играч се работи. Доволно е да кажеме дека во историјата на Премиер Лигата само неколку играчи ја освоиле наградата за најдобар играч повеќе од еднаш, и тоа Тиери Анри, Кристијано Роналдо и Немања Видиќ, притоа нашиот капитен за разлика од Анри и Роналдо игра на позицијата стопер каде е многу потешко да се стекне репутација во фудбалскиот свет. Ова е најдобриот стопер кој некогаш го носел црвениот дрес а и најдобриот стопер во Премиер Лигата, Рајан Гигс изјави дека играл со многу играчи од одбраната но ниту еден не бил како Немања. Тој беше нашиот предводник на одбраната во изминатата деценија и ја крена историската 19 – та титула со која го поминавме Ливерпул, тука беше и за последната јубилејната 20 – та титула. Тука како едно од најголемите достигнувања е и освојувањето на титулата во Лига на Шампиони и финалето против Челзи. Тој беше назначен за капитен на почетокот од сезоната 2010/2011 од Сер Алекс Фергусон кој го доведе Видиќ и успеа да го направи најдобриот стопер во светот. Немања Видиќ и Рио Фердинанд формираа партнерство кое се вбројува меѓу најдобрите во историјата на оваа игра.

Навистина е жално тоа што Видиќ нема да ја заврши кариерата во Манчестер Јунајтед, но тоа се должи на повредата која ја заработи против Базел и оттогаш тој не е истиот играч иако се врати од повредата и повторно е подготвен да игра фудбал на врвно ниво. Но за жал не може да одигра три натпревари во една недела, што беше случај пред повредата и ова е главната причина зошто тој си заминува. Тој ќе наполни 33 години и Интер ќе има можност да ужива гледајќи го Видиќ во следните неколку години, нема да биде чудо доколку капитенот го предводи Интер назад на старите патеки и да го врати во Лигата на шампионите. Мене Видиќ ми беше омилениот играч од Манчестер Јунајтед иако во нашиот клуб играше еден Кристијано Роналдо како и други фантастични играчи во изминатите 20 години. Тој беше играчот кој го одби интересот од Реал Мадрид и Барселона со што се посвети на Манчестер Јунајтед и е огромна легенда на клубот. Тој вчера го забележи 299 – от настап за нашиот клуб и доколку игра против Саутемптон тоа ќе биде 300 – ти настап за него во црвениот дрес. Говорот на Видиќ вчера верувам дека го трогна секој фан на клубот и овој играч ја заслужува сетта почит на светот и му посакуваме сè најдобро во кариерата. Исто така му даваме до знаење дека никогаш нема да го заборавиме и секогаш ќе биде наш миленик. За жал ова е сезона на заминување или пак пензионирање на легендите и доколку Рио Фердинанд, Патрис Евра или пак Рајан Гигс си заминат или се пензионираат ќе ги добијат истите заслуги.

Thank you Captain Vida!

Коментари

коментари