Фантастичниот гол на Том Лоренс не беше доволен за одбрана на титулата

  • во

Младиот тим на Челзи успеа да оствари победа на Олд Трафорд и да го подигне трофејот од Премиер Лигата.

Младиот тим не успеа да го одбрани трофејот од Премиер Лигата откако загуби на Олд Трафорд со 1 – 2 од Челзи. Можевме да видиме одличен натпревар со шанси на двете страни но Челзи беше попрецизен и поконкретен со што ја освои Премиер Лигата.

Ворен Џојс, тренерот на У21 за овој меч имаше еден проблем составувајќи го првиот тим бидејќи играчот од средината Џо Ротвел не можеше да настапи поради повреда. Поради ваквиот развој на настаните Чарни Екангамен од стоперската позиција по подолг период се врати во средината каде играше со Бен Пирсон додека во одбраната се најде Мајкл Кин. Мечот се играше на Олд Трафорд каде имаше голем број на гледачи што беше дополнителен мотив за играчите да покажат што знаат и умеат.

На Олд Трафорд беа пристуни повеќе од 13.000 гледачи што е неверојатно за меч помеѓу младинските тимови.

Младиот тим на Челзи го контролираше мечот на почетокот но тоа воопшто не беше пречка за избраниците на Џојс. Првата шанса на мечот ја имаше Луис Бејкер кој шутираше од преку 20 метри а Амос беше поуспешен и го одбрани одличниот удар. По почетниот притисок Пирсон и Екангамен ја стабилизираа играта и тоа резултираше со гол за водство. По еден центаршут на Јанко нашиот напаѓач асистираше за Лоренс кој со одличен потег ја отстрани опасноста од блок и ја смести топката во голот. По фантастичниот гол на Лоренс нашиот тим играше подобро и посамоуверено но за жал при една ситуација не реагираше најдобро и Челзи постигна гол со кој го израмни резултатот преку Мусонда. Примениот гол значеше дека нашиот тим ќе треба повторно да нападне што и се случи и во 40 – та минута Патрик МекНер беше соборен во шеснаесетникот на Сините и судијата можеше слободно да покаже на белата точка. За жал, тоа не се случи и на полувремето играчите заминаа при резултат 1 – 1.

Второто полувреме офанзивно го започнаа двата тима откако прво Челзи се закани со удар од надвор од шеснаесетникот за минута подоцна Лоренс да биде непрецизен со глава по центаршутот на Варела. Во 53 – та минута најдобриот играч на Челзи, Бејкер повторно имаше шанса да постигне гол но го префрли голот од петтерецот. Како одминуваше натпреварот Челзи создаваше шанси и само неколку минути подоцна повторно имаше шанса тимот од Лондон. Лофтус Чик шутираше од петтерецот но Амос успеа да го одбрани ударот со нозете во стилот на Де Геа. Во 70 – та минута поради повреда Вилсон го напушти теренот и Вир влезе на негово место со што Лоренс играше на позицијата лажна 9 – ка. Во 78 – та минута Пирсон имаше шанса да постигне гол откако се проби до голот но голманот на Челзи беше неуспешен по што веднаш стигна казната откако Екангамен згреши и Бејкер постигна гол од работ на шеснаесетникот со кој Челзи поведе со 1 – 2 и направи комплетен пресврт. За жал и Лоренс не го заврши мечот поради повреда и на негово место влезе Хероп во 85 – та минута. До крајот на мечот имавме неколку шанси да го израмниме резултатот но не успеавме во тоа, Блекет беше најблиску до гол во судиското продолжение.

XI: Амос, Варела, МекНер, Кин, Џејмс (Блекет 82′), Екангамен, Јанко, Лоренс (Хероп 85′), Переира и Вилсон (Вир 70′).

Младите играчи одиграа фантастична сезона но за жал Челзи беше попрезицен и поконкретен во финалето, тие ги искористија своите шанса и стигнаа до титулата. Во овој тим има неколку талентирани играчи од кои се очекува во иднина да играат за првиот тим и се надеваме дека тоа ќе се случи набрзо. Оваа сезона е уште една во низата успешни но за жал не завршивме со титулата. Следната година сигурно Џојс со нови сили ќе атакува на враќање на титулата.

Коментари

коментари