Европскиот шампион на колена

Европскиот шампион на колена

Манчестер Јунајтед ја совлада Барселона во Калифорнија каде избраниците на Луис ван Гал покажаа одлична игра и тактичка зрелост.

Поранешниот менаџер на каталонскиот клуб се покажа како поуспешен во дуелот против Луис Енрике и неговиот главен играч на вчерашниот натпревар, Луис Суарез. Холанѓанецот како што најави, настапи со првтим кој играше на досегашните мечеви каде единствената измена беше Давид Де Геа на голот. Шпанецот на нашиот гол докажа дека е вистински професионалец кој и покрај шпекулациите беше маестрален помеѓу стативите и имаше неколку одлични одбрани. Уште на почетокот од натпреварот тој успеа да спречи чист гол додека исто така Суарез ја погоди стативата од слободен удар. Иако Барселона ја имаше првата шанса, при првиот корнер Вејн Руни успешно ја затресе мрежата на Андре Тер Штеген. Англичанецот ја смести топката во голот со глава по перфектниот центаршут на Ешли Јанг. Суарез беше најопасниот играч на Барселона, но Џонс и Блинд фантастично се соочија со него иако тој во два наврати ја погоди стативата. Освен Уругваецот, нашата трансфер цел, Педро со својата брзина и техника создаваше проблеми но сето тоа не беше доволно за погодок.

Barcelona vs. Manchester United – 360

Posted by Live Football News on сабота, 25 јули 2015

Во вториот дел следеше целосна ротација каде во 60 – та минута целиот тим беше променет со што во игра влегоа младите играчи. Само неколку минути подоцна Џеси Лингард постигна гол за водство од 2 – 0 по асистенцијата на Тајлер Блекет. Џејмс Вилсон одлично проигра со нашиот лев бек кој го пронајде Џеси. Переира, Вилсон, Лингард и Јанузај наизменично ги менуваа позициите што претставуваше огромен проблем за одбраната на Барселона. Нашите млади играчи се покажаа во многу подобро светло од тие на Барселона, тоа го покажа најдобро Јанузај во судиското продолжение кога постигна маестрален гол. Белгиецот ја прими топката, го исфрли од игра Бартра и ја смести позади Масип. Само минута претходно Рафиња Алкантара постигна погодок за намалување на водството, но Јанузај стави точка на натпреварот и се искупи за пропушената шанса претходно кога шутираше покрај голот. Ван Гал остана неприкосновен во САД и европскиот шампион беше поразен со 3 – 1.

Манчестер Јунајтед покажа навистина квалитетна игра против Барселона, стабилно задржување на топката на средината од теренот, одлично покриени најдобрите напаѓачи и ефективни напади. Сето тоа резултираше со триумф каде како најдобар играч можеби се издвои Дармијан кој беше одличен во одбрана и напад, исто така Мата кој проигруваше со Депај како тие заедно да настапуваат неколку години. За првпат сезонава го видовме и Маруан Фелаини кој играше на средината од теренот заедно со Андер Ерера. Чичарито му се приклучи на тимот додека Маркос Рохо има проблеми со пасошот, а Анхел Ди Марија е пред трансфер во францускиот шампион против кој ја завршуваме турнејата.

Со овој триумф сме на чекор до одбрана на титулата од Интернационалниот Куп и сме први на табелата со девет бодови, сега ни преостанува само уште натпреварот против Пари Сен Жермен.

Коментари

коментари