„Ван Гал е вистинскиот избор за Манчестер Јунајтед!“ – Енди Митен

„Ван Гал е вистинскиот избор за Манчестер Јунајтед!“ – Енди Митен

Ексклузивно интервју со најрелевантниот новинар поврзан за Манчестер Јунајтед и еден од доајените на светското спортско новинарство. Manchesterismyheaven.com ве доближува до Манчестер и внатрешноста на клубот како и фудбалскиот свет. Енди Митен говори за Сер Алекс Фергусон, историјата на клубот, Чарли Митен, Давид Де Геа, UnitedWeStand и уште многу други работи…

Ние сме сајт кој бележи кратко минато поточно две години, постоиме од 2013 – та година. Ова е нашиот најголем успех и воопшто едно огромно признание кое не им успева ни на најголемите сајтови во светот за Манчестер Јунајтед. Успеавме да стапиме во контакт со новинарот Енди Митен и да направиме интервју на кое многу сме горди и за кое сме сигурни дека е едно од подобрите во македонската новинарска историја. Пред интервјуто приказната до неговото запознавање…

Една обична вечер (27. 04. 2015) на социјалните мрежи се претвори во огромна можност да направиме досега нешто „невозможно“ за овие простори. Како што знаете имаме активен твитер профил преку кој дознавме дека Енди Митен е во Србија каде работи на колумна за белградското дербито помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан. Тој потоа наговести дека патува за Косово за да ја заврши својата балканска одисеја во Скопје каде има чекирано лет за Барселона. Кога го прочитавме сето тоа бевме вчудоневидени и возбудени што еден новинар како Англичанецот ќе ја посети нашата земја и за нас тоа беше шанса која не смееме да си дозволиме да ја пропуштиме. Веднаш го контактиравме г – дин Енди и го замоливме да се сретнеме во Скопје. Англичанецот срдечно прифати со што следниот ден (28. 04. 2015) тој пристигна од Приштина со автобус. Го пречекавме Енди и пешачевме сè до центарот на градот бидејќи тој сакаше да види повеќе од Скопје и да се запознаее со нашата земја. Како поминувавме покрај кејот на Вардар тој љубопитно нè прашуваше за нашата страст кон Манчестер, желбата да проследиме меч на Олд Трафорд и сл. Пристигнавме во ГТЦ и седнавме во ресторан каде впрочем и го направивме следното интервју…

Следи запознавање со Енди како и интервјуто во македонска и англиска верзија проследено со аудио запис за веродостојност.

Кој е Енди Митен?

Англичанецот е најрелевантниот и најдобриот новинар во светот кој известува за сите новости поврзани за и околу Манчестер Јунајтед. Енди има 41 година и од својата 15 годишина возраст оформува магазин за клубот кој и ден денеска се издава. Се работи за еден од најдобрите во својата професија кој пишува за ESPN, BBC, Daily Post, Esquire, The National, FourFourTwo, ManchesterEveningNews и уште неколку медиуми. Излишно е да се каже било што освен позитивни зборови за овој човек кој веднаш прифати интервју и беше среќен што е во нашата земја. Ние му кажавме повеќе за нас и нашиот сајт, а тој доби и маичка со логото и слоганот на нашиот сајт која сега ќе ја види целиот свет бидејќи Енди живее наизменично во Манчестер и Барселона. Тој известува и за каталонскиот гигант и колку знае за Манчестер Јунајтед толку е запознен и со шпанскиот клуб. Се работи за човек со авантуристички дух кој ужива во својата работа и патувањата низ светот, има прекрасно семејство за кое се грижи и две паметни ќерќи од кои едната веќе говори четири јазици со само четири години. Исто така нè увери во тоа дека неговите ќерки ќе бидат фанови на Манчестер Јунајтед и покрај тоа што поминуваат поголем дел од своето време во каталонската престолнина. За тоа доказ е и парадата за тројната круна во Барселона каде неговата ќерќа пее за Јунајтед додека Лионел Меси и неговите соиграчи слават во Каталонија.

Andy

1. Дали е ова првпат како доаѓате во Скопје, Македонија и кои се вашите впечатоци?

– Да, ова е првпат како доаѓам тука. Пред ова патување сум бил во секоја европска земја освен Косово, Македонија и Албанија, и сега не бев во Албанија, сфатив дека Србија не го смета Косово за држава и не сакам повеќе да навлегувам во таа дебата. Но, ова е првпат како доаѓам тука и моите први впечатоци се навистина позитивни, ми се допаѓа град со река во средината, планините беа убави, но не можам да имам вистинска слика бидејќи само што пристигнав, јас сум турист и седам во прекрасен ресторан, гледам прекрасни градби но заинтересиран сум да дознаам и научам повеќе, впрочем затоа и сум тука.

2. Дали знаеш или си запознал некој македонски фудбалер?

– Мислам не. Запознав неколку фудбалери од поранешната република Југославија и кога бев во Белград секоја вечер запознавав нови фудбалери, но за Македонија, го знам Дарко Панчев.

3. Кажете ни повеќе за вашата работа. Која од вашите напишани книги ви е најдрага?

– Па, споменавте книги, имам напишано 10 или 11 книги и уживав пишувајќи ги сите поради различни причини. Најдобрата или најдрагата, кога ќе ја издадете ваша прва книга и ќе ја добиете, тоа мене ми се случи мене во 2001 – та година, една копија ми пристигна дома и бев вчудоневиден. Тоа е неверојатно чувство затоа што стотици саати од вашето време се вложени во неа. За секоја книга ми се потребни околу 800 часа. Кога ќе ја видите убаво средена во едно парче хартија тоа е многу возбудливо и не можете да го повторите тоа чувство. Напишав книга за Манчестер Јунајтед и 80 – те години која беше одлична прифатена и одлично се продавеше, имав добри критики, поминав ден со секој од играчите и напишав по една глава за секој од нив, и тоа ми се допадна многу, уживав пишувајќи ги сите книги во спротивно немаше да го сторам тоа, секогаш одбирам проекти кои навистина сакам да ги работам. Книгата за дерби мечевите е фантастична, патував насекаде низ светот и пишував за нив. Јас доаѓам од фудбалско семејство и секако плаќам за да гледам фудбал, но за некој да ми плаќа да патувам и гледам фудбал, сфаќам дека сум многу среќен човек. Сите мои пријатели плаќаат за да гледаат фудбал, секоја недела, и ако јас не бев платен да го работам ова ќе плаќав влезници за да гледам фудбал. Од четири години го гледав татко ми како игра полу – професионален фудбал и обожавам да гледам фудбал, ако имаше меч денеска во Скопје ќе отидев на него. Всушност побарав на интернет, но немаше многу информации. Но јас сакам да одам на натпревари и воопшто немаше да кажам дека сум новинар, ќе си платев како нормален посетител, во неделата бев на натпреварот помеѓу ОФК и Рад Белград, мал стадион но ја сакам фудбалската култура, не сакам да пишувам само за гламурозните големи дерби мечеви, и чувствувам силна поврзаност со фановите. Тоа е сосема различно, има позитивни и негативни работи, но тоа сакам сам да го согледам.

4. Кое фудбалско дерби е најдобро за тебе?

– Тоа е многу тешко прашање бидејќи сите се одлични на свој начин, само што бев во Србија на познатото белградско дерби. Квалитетот на фудбалската игра не е воопшто близу до тоа во Англија или Барселона и Мадрид, но атмосферата е помеѓу најдобрите во светот, поради бојата, организацијата помеѓу навивачите, тифо групите, страста и 8.000 фанови на Партизан, тоа е фантастично, подобро од Манчестер Јунајтед, ми се допаѓа, тоа се позитивните работи. Негативните работи се насилствата на трибините, не е воопшто добро да се гледа како некого удираат и тепаат, ужасна работа. Најдобри дерби мечеви се Селтик – Глазгов Ренџерс, поради интензитетот и верската поделеност, Барселона – Реал Мадрид е веројатно најгламурозниот меч, со најдобрите фудбалери во светот на најголемиот стадион, но нема гостински фанови, во Белград имаше 12.000 фанови на Партизан и тоа многу ми се допаѓаше. Дербито во Манчестер станува сè подобро во последните години, Јунајтед – Ливерпул е во моето срце, она кое најмногу го чувствувам и е блиску до мене, затоа што сум фан на Јунајтед од Манчестер. Но јас бев на дерби натпревари и на Фарските Острови каде има околу 2000 фанови и тие воопшто не си ни кажуваат погрдни зборови за противниците. Еден навивач беше пијан и во 3 саат наутро ми кажа: „Да ти кажам, ние некогаш ги обвинуваме дека тие се арогантни копилиња!“, ако сте во Рим, Милано или Буенос Аирес таму ќе сретнете многу полоши изрази, затоа дерби мечевите ми се многу интересни, и патувам многу за да ги гледам, запознав многу луѓе на нив и не само досадни играчи, туку ултрас фанови, новинари, луѓе кои имаат интересни размислувања. Тоа е дел од мојата работа и обожавам да патувам.

5. Кажете ни повеќе за вашиот пра – дедо, Чарли Митен? Дали се гордеете со тоа што сте му внук?

– Да, тој бил воедно и фантастичен играч. Тој бил крилен играч за одличен тим на Манчестер Јунајтед и пораснав како постарите ми раскажуваа приказни за тоа колку тој бил добар, никогаш не сум го видел како игра и мора да бил добар. Во 1950 – та година кога Колумбија се оделила од ФИФА, колумбиската фудбалска федерација наеднаш станала многу богата и тие се обиделе да ги доведат најдобрите играчи во светот. Тие го довеле Алфредо Ди Стефано од Аргентина и Хектор, и кога дошле во Англија еден од играчите кои довеле бил Чарли Митен. Тој бил ѕвезда на Манчестер Јунајтед и заработувал 11 фунти неделно но тие му понудиле 100 фунти неделно, и мислам дека имам малку од неговиот авантуристички дух и затоа сум тука во Скопје и зборам со вас. Навистина сакам да патувам, и ако немав жена и две деца на кои мислам, ќе останев повеќе во Косово и Белград, ќе отидев до Албанија и Солун. Чарли бил одличен играч но исто така и имал цврст карактер, неговиот учинок бил неверојатен, мислам дека само три играчи во историјата на клубот имаат постигнато повеќе пенали од него. Вистинска карпа и цврст карактер, исто така обожавал да се коцка и обожавал трки со кучиња. Тоа е нешто што јас не го одобрувам и нема само да седам тука и да кажам дека тој бил перфектна личност, затоа што тоа не е вистина. Горд сум и фановите од одредена генерација ќе го поврзат Манчестер Јунајтед со името на Чарли, но целото мое семејство игра фудбал. Мојот татко е едно од девет деца, тие сите играат фудбал, моите родени браќа заработуваа од играњето фудбал. Јас сум единствениот во мојата фамилија кој не заработува од играње фудбал, но затоа ме плаќаат да пишувам за тоа.

6. Зошто не ги следеше чекорите на својот дедо во фудбалската игра?

– Затоа што не бев доволно добар. Моите браќа беа добри, играв за одличен јуниорски тим, многупати играв против Гигс. И ден денеска зборувам со него, за тоа кога игравме фудбал на 14 години. Неколку пати го чував, неколку пати ме уништи во секоја смисла на зборот, секогаш кога го чував бев заменет, сериозно, не можев ниту да му се доближам. Мојот татко беше фудбалер и мислам дека го посрамотив малку. Започнав со UnitedWeStand магазинот кога имав 15 години, отсекогаш сум бил во фудбалската култура и гледањето овој спорт, уживав да играм, во Барселона предводев тим кој се викаше Манчестер, сега уште играм во тимот на ветераните и уживам, но никогаш не бев доволно добар за да бидам платен играч.

7. Дали некогаш сте го запознале Сер Алекс Фергусон и сте збореле со него? Што мислите за најуспешниот менаџер во британскиот фудбал и за најдобриот менаџер во историјата на овој спорт?

– Да, неколку пати се сретнав и неколку пати му правев интервју. Тој е најдобриот менаџер во историјата на британскиот фудбал и историјата го памети како гениј за тоа. Како фан на Јунајтед, тој драстично го збогати мојот живот, освои 2 европски титули, 13 премиерлигашки титули, и растејќи во Манчестер во 80 – те никогаш не очекував дека Јунајтед некогаш ќе освои титула и денеска е 25 годишнина од денот кога Ливерпул последен пат освои такво одличје. Многу сум тажен за нив! Паметам, бев на Енфилд во 1992 – та година, се сеќавам на песните кои ги пееја. „Дали некогаш сте го виделе Јунајтед како ја освојува титулата? Вратете се кога ќе имате 18!“ Го напуштив стадионот и поминав низ Стенли Парк и тоа е веројатно моето најлошо сеќавање како фан на Манчестер Јунајтед. Навистина мислев дека Јунајтед никогаш нема да биде шампион. Очигледно, благодарејќи на Фергусон за кого е и впрочем ова прашање, Јунајтед стана шампионска машина, тој беше фантастичен менаџер, на многу начини одлична личност но тој некогаш беше „копиле“, направи работи кои не ми се допаѓаа. Неговиот третман кон медиумите, не се согласив со него кога им посака добредојде на Глејзери, тоа не ја отсликуваше вистинската слика во Манчестер но сега можам да видам зошто го направи тоа, не се согласувам со неговите причини но ги разбирам.

FM (mark)

8. Дали сè уште сте против Глејзери и дали ги поддржувате клубовите кои се во сопственост на фановите?

– Не гледам како било кој клуб кој е откупен со некаков долг има позитивна работа од таквиот начин. Знам дека кај клубовите во сопственост на фановите има поголема инволвираност од страна на истите, но не сум наивен, луѓето ми кажуваат како Барселона е перфектна, не, не е перфектна. Има многу проблеми, но нивниот модел на сопственост е подобар од тој на Манчестер Јунајтед каде имаме американска фамилија практично без никаков претходен интерес во фудбал која повлекува дел од своите пари за да земе голем долг и да купи клуб. Воопшто не мислам дека тоа е добро. Како и да е, тие се сè уште тука и нивниот начин на раководење се покажа како успешен. Финансиите кои се платени во долгови се застрашувачки, но Глејзери се многу успешни со нивните спонзорски договори, дури и премногу. Тие се лидери во тој дел, има големи приходи и голем дел од тие пари одат на исплаќање на долгот, но сега голем дел и од тие суми одат на купување играчи од светска класа, па затоа сега тие се во далеку посилна позиција отколку што беа пред пет години и ако ми го поставевте ова прашање пред пет години ќе имав многу посилен став и ќе бев поригорозен во одговорот. Не велам дека тие се одлични, воопшто, но тие се веќе тука десет години, прилично стабилни и клубот беше успешен сè додека Сер Алекс Фергусон не си замина.

9. UnitedWeStand магазин. Кажи ни повеќе за тоа, како дојде до таа идеја? Дали си среќен со статусот кој го постигна?

– Пресреќен сум, го започнав кога имав 15 години и 25 години подоцна не само што Ливерпул сè уште ја нема освоено лигата, туку и моето списание сè уште се издава. Имаме одлична група луѓе кои пишуваат, оние кои го продаваат, и новинари кои се дел од него. Стекна огромна почит, имаме одлични интервјуа и уживам во тоа што го правам. Работев многу напорно како и останатите кои се вклучени во него. Ние сме најдобро продаваните фановите во Велика Британија, имаме веб – сајт кој функционира одлично како и форум. Вложуваме стотици часови во секое издание, мора да го купите, не можам бесплатно да ви го дадам. Мора да го купите со нешто кое се вика пари, и потоа со таа сума јас ги плаќам сите оние кои се дел од тоа. Тоа го покажува квалитетот, издавањето не е бесплатно. Од аспект на интернетот тоа беше еден предизвик, но ни оди сосема солидно. Им велиме на луѓето, доколку сакате да читате бесплатни блогови има милиони такви, но ако го читате тоа што ние го правиме, ќе најдете нешто што не сте го знаеле за Јунајтед, ќе најдете нови сознанија, интервјуа и колумни. Исто така можеме да си дозволиме да бидеме малку поразлични, во моменталното издание има големо интервју со Џејми Карагер. Тој е Ливерпулчанец но е паметен и интелигентен, и не секогаш вели тоа што фановите сакаат да го слушнат но тоа сите го прифаќаат.

10. Дали конечно почнавме да се адаптираме на филозофијата на Ван Гал и какво значење има низата добри резултати од последните мечеви?

– Мислам дека зборот филозофија оваа година стана преупотребен, но тој точно знае што сака и во последните неколку недели видовме доказ од тоа. Последните резултати изненадија многу од фановите на Јунајтед бидејќи оваа сезона беше навистина лоша сè до мечот со Тотенхем и потоа победите над Сити и Ливерпул беа фантастични, прикажаниот фудбал беше одличен, резултатите задоволија, и има премногу добра волја од клубот кон Ван Гал. Оваа година неговата цел беше да заврши во топ 4 и да го врати Јунајтед во Лигата на шампионите и тој е прилично успешен. Тој нема фиксна филозофија и Јунајтед неколку пати го смени системот, но тактиката со која го победи Ливерпул навистина е ефективна. Според мене што подолго ќе остане Ван Гал, сè подобар ќе биде Манчестер Јунајтед. Затоа што тој беше успешен и во минатите клубови, тој има пари, во повеќето клубови проблемот е што тие немаат пари, Јунајтед има многу пари, може да ги купи играчите кои ги посакува и има време да ги подготви ова лето. Минатата година немаше многу време и работеше претежно на сугестии од тренерите кои останаа во Манчестер, јас сум уверен дека тој ќе биде добар за клубот и ми се допаѓа неговиот стил на работа, неговиот англиски, неговиот карактер се истакнува добро, тој исто така немаше големи несогласувања со медиумите што беше случај во претходните клубови каде работеше. Но, ако Јунајтед е четврт и следната сезона тогаш притисокот ќе почне да расте, но во последните неколку недели видовме голем напредок и тоа нè охрабрува.

11. Дали мислите дека со добар летен трансфер период ќе бидеме во битката за титулата следната сезона?

– Да, и ако потроши доволно пари ќе бидеме во игра за титулата. Ќе има време, има искусни играчи, и мислам дека Јунајтед треба да се бори за титулата следна сезона, но и да се врати на старите патишта во Европа. Тоа е куп натпреварување, Лигата на шампионите, но Јунајтед до божиќ треба да биде во нокаут фазата од ова натпреварување и да се бори за титулата, и тоа не е само алчна желба туку реална цел. Погледнете само играчите кои ги доведовме, но исто така Ди Марија, Фалкао покажуваат дека парите не ветуваат успех, тие се разочарување и навистина сакав да успеат но за жал тоа не беше случај.

12. Дали може да ни кажете нешто повеќе за нашиот Дејв? Де Геа сè уште нема потпишано нов договор и Реал Мадрид покажува интерес. Ако тој си замине, дали Виктор Валдес треба да биде наш прв голман или пак треба да пристигне нов играч?

– Ако Де Геа си замине Јунајтед ќе пристигне нов голман, Виктор Валдес е добар голман, го знам од Барселона и го имам интервјуирано, тој е искусен и има 33 години што е одлично за голман. Не сакам Де Геа да си замине, тој е моментално најдобриот голман во светот заедно со Мануел Ноер. Проблемот е во тоа што ќе биде навистина тешко да се задржи Де Геа тука затоа што е од Мадрид, тој е Шпанец, неговото семејство живее во Мадрид, неговата девојка е таму, Реал Мадрид се од Мадрид и ќе биде многу тешко тој да оддолее доколку тие се нудат како опција, а од тоа што знам тие дефинитивно ќе испратат понуда. Ќе бидам многу изненаден но не запрепастен, ако Де Геа е сè уште во Манчестер по три години. Но во фудбалот сè е можно, Виктор Валдес планираше да оди во Монако и потоа заработи тешка повреда и работите многу брзо се менуваат.

13. Дали мислите дека има можност да го искористиме Де Геа за евентуално враќање на Роналдо на Олд Трафорд или пак трансфер на Рафаел Варан и Герет Бејл?

– Секогаш постои можност, фановите гледаат на различни комбинации. Но тоа не е толку едноставно, тие велат не ни треба овој и можеме да го дадеме па потоа да го вметнеме и Чичарито, мора да ги земете предвид чувствата на играчите, тие имаат договори, секогаш постојат компликации. Велите Де Геа за Бејл, но Бејл не беше лош во Шпанија, тој не беше одличен но беше солиден. Тој е еден од трансферите на Флорентино Перез, личните засилувања на претседателот и не сака луѓето да го гледаат Бејл како промашен трансфер. После две сезони во Шпанија мислам дека Бејл не може да каже дека бил успешен, имаше одлични моменти но по три години тој можеби ќе може да каже, бев во Шпанија одиграв фантастичен фудбал.

14. Што мислите за Вејн Руни како капитен на Манчестер Јунајтед?

– Знам дека играчите го сакаат, тоа е многу важно. Исто така мислам дека тој созреа многу, тој е добар со играчите, знае дека тие се огледуваат во него и дека кога на некој од нив им е потребен совет го бараат него. Тој е добар капитен за Манчестер Јунајтед иако е од Ливерпул, немам никакви проблеми со фактот дека Руни е капитен и покрај тоа што тој во два наврати се обиде да си замине од клубот и тоа не е добро. Но, тој е сега е среќен и задоволен во Манчестер.

15. Конечно, кажете ни од прва рака, дали Манчестер е навистина „црвен“?

– Да, Манчестер е 3/4 Јунајтед, и кога ќе погледнете во популацијата од 2.5 милиони жители тогаш дефинитивно има повеќе фанови на Јунајтед, има мали делови каде Сити е популарен. Делови на Темза каде Сити се популарни и не го велам ова за да го деградирам Сити бидејќи тие се многу голем клуб. Тие се огромен клуб, нивната просечна посетеност на мечевите е 47.000 гледачи, не можам да се преправам дека не постојат бидејќи тие се помеѓу топ 20 најподдржувани клубови во фудбалскиот свет. Дури кога тие беа во 3 – та лига имаа голема посетеност, но доколку шетате низ Манчестер во сабота навечер и кажете дека Сити е вистинскиот клуб во Манчестер, мојот одговор на тоа е дека тоа се чисти глупости, воопшто не е точно.

Трансфери:

Англичанецот исто така ни посочи дека е сигурен во тоа дека Матс Хумелс, Нејтениел Клајн и Мемфис Депај се на листата на потенцијални засилувања на Манчестер Јунајтед. Оттогаш Холанѓанцот потпиша за нашиот клуб, а пак Хумелс и Клајн сè уште се можни засилувања и зависи од тоа дали навистина Германецот сака да си замине и дали Англичанецот ќе потпише нов договор. Покрај тоа ни кажа дека Радамел Фалкао со сигурност ќе го напушти Манчестер Јунајтед што и навистина се случи, како и тоа дека голем број на други играчи се соочуваат со нејасна иднина во клубот како Чичарито кој исто така се очекува да си замине. Енди исто така верува дека Анхел Ди Марија доколку остане во клубот ќе биде полн погодок за нас следната сезона бидејќи оваа тој немаше можност да замине на подготовки туку директно започна да игра натпревари, а и покрај тоа тој не може да се смета за промашен трансфер бидејќи има над 10 асистенции и четири погодоци. Илкај Гундоган е следен од нашиот клуб уште пред неколку години додека играше за Нирнберг, тогаш тој бил следен од Рене Муленстин, а пак сега е сериозна опција за нас бидејќи има договор кој му истекува следната сезона и Германецот не сака да потпише нов.

1. Is this your first time visting Skopje and Macedonia and if it is, can you share your impressions?

– Yes, it’s my first time here. I’ve been to every single European country except Kosovo, Macedonia and Albania before this trip, and on this trip I’ve not been to Kosovo and Albania, I realised Serbian people may not consider Kosovo to be a country and I will not get too involved into that side of the argument. But it’s my first time, my first impressions are quite positive, I like a city with a river in the middle, the mountains were nice, but I’ve only just arrived I can’t have a real insight because I am just coming as a tourist, I’m sat in a nice restaurant, looking over nice buildings, but I am interested, I want to read more about it and learn more about it, and that’s why I am here.

2. Do you know or have you met any macedonian footballers?

– I don’t think so. I’ve met several footballers from the former Yugoslavia, and when I was in Belgrade, I’ve just been there, I was taking out each night by former players of one of the Belgrade teams, but Macedonia, I mean I know Darko Panchev.

3. Tell us more about your work. Which book of yours have been the dearest for you?

– Well, you mentioned books, I’ve been looking of to write 10 or 11 books, and I’ve really enjoyed doing all of them for different reasons. The best or the dearest, when you get your first book published and you receive it, and that happened to me in 2001, and a hard copy arrives at your house and wow. It’s such a great feeling because hundreds of hours of your time have gone into it. Probably each book takes me about 800 hours. So to see it, it was really exciting and you can never replicate that. Probably I did a book on Man United in the 80s and that did well and sold well, I had good reviews, I spent a day with each of the players and wrote a chapter about each of them, and I enjoyed doing that a lot, but I’ve enjoyed doing all of them otherwise I wouldn’t do them, I only chose projects which I like to do. The one about derby games was great, I travelled around the world basically writing about derby matches. I am from a football family and I pay to watch football anyway but for somebody to pay me to travel and watch, I realised, I am very lucky. All my friends are paying to watch football every week, and if I wasn’t being paid I would still pay to watch it, because since 4 years old I’ve watched my father play semi – professional and I love watching football, if there was a game tonight in Skopje I would go to it. I actually looked on the internet to try and find, there was not so much information. But I would happily go and I wouldn’t even say I was a journalist, I would just pay, so on Sunday I went to OFK against Rad Belgrade, small little stadium but I love football culture, I just don’t wanna write about the big glamorous games, and I feel very strong connections with fan culture. It’s totally different, there are some positives and negatives, but I am here to find out for myself.

4. Which football derby is the greatest for you?

– It’s a very hard question because they are all great in some way, I just have been in Serbia and the Belgrade derby. And the quality of the football is nowhere near as good as in England, or in Barcelona and Madrid, but the atmosphere is among the best in the world, because of the colour, the organisation among the supporters, the tifo displays, the passion and organisation of 8.000 Partizan fans, it’s fantastic, better than United, I loved it, so there were the positives. The negatives are just watching football violence, it’s not a good thing watching somebody get kicked in the head, is not a good thing. So the most notable ones Celtic – Rangers, just for the intensity and the religious divide, Barca – Madrid is probably the most glamorous game, with the best players and the biggest stadium, but there are no away fans, there was 12.000 Partizan fans there and I loved that. The Manchester derby is coming much stronger in recent years, United – Liverpool is in my heart, the one I feel most because I am a United fan from Manchester. But I was at derby games at the Faroe Islands where there was 2.000 people and they don’t say any bad things about each other. One guy got really drunk at 3 am in the morning and said “Let me tell you, occasionaly we accuse them of being a little bit arrogant”, if you are in Rome or Milan or Buenos Aires, they say a lot stronger than that, so I find derbies really interesting, and I’ve been looking to travel to a lot of them, meet people around them and not just borring football players, but ultra fans, journalists, people who got interesting opinions. It’s part of my work, I love because I love to travel.

5. Tell us more about your great grandfather, Charlie Mitten. Do you feel proud being his great – nephew?

– Yeah, of course because he was a great player. He was a winger for a great Manchester United team and I grew up being told stories about how great he was, I never saw him play and he must have been good because in 1950 Colombia broke away from FIFA. The Colombian FA was suddenly very rich and they tried to get the best players in the world so Alfredo Di Stefano went there from Argentina Hector and they they came to England and one of the players they got was Charlie Mitten. He was a star for Man United and I think he was on 11 pounds a week in Manchester and they offered him 100 pounds a week, and I think I’ve a little bit of the spirit of adventure which he has and that’s why I am sat talking to you in Skopje. I love to travel honestly, if I didn’t have a wife and a two young girls to think about I would have stayed longer in Kosovo and Belgrade, I would have gone to Albania, Thesalonika. Charlie was a great player but also a great character as well, his record was exceptional, I think only three players have scored more penalites than him for United in the history. But a real rogue as well a real collosal character, he loved gambling, greyhounds something I don’t approve off but I am not just gonna sit here and say he was a perfect person, because he wasn’t. I am proud and fans of certain generation would associate Man United with Charlie’s name but my whole family plays football. My father is one of nine children, they all play football, my both brothers received money to play football. If I tell you I am the only one in the family who hasn’t been paid to play football, but I get paid to write about it.

6. Why you didn’t follow your grandfather footsteps into playing football?

– Because I wasn’t good enough. My brothers were good enough, I played for a good junior team, I played against Giggs many times. I speak to him now, I speak about when we were fourteen. I marked him several times, I got destroyed by him several times, I got substitued every time I played against him, seriously, I just couldn’t get near him. My father, he was a footballer, I think I embaraced him a little bit. I started UnitedWeStand when I was 15, so I’ve always really been in the culture of watching football and going to football, I enjoyed to play, I managed team in Barcelona called Manchester, I still play now in a veterans team and I enjoy it, but I was never good enough to earn money from playing.

7. Have you ever met Sir Alex Ferguson and had a chat with him? What are your thoughts on the most succesful manager in the British football and one of the best in the history of this sport?

– Yes, I’ve met him several times, I interviewed him several times. He is the greatest manager in the history of British football and history remember him being a genius for that. As a United fan he reached my life greatly, he won 2 European Cups, he won 13 league titles, and growing up in Manchester in the 80s I never thought United would win a title and today is the 25th anniversary of Liverpool last win in the league. Obviously I am very sad for them! I was in Enfield in 1992, I could remember what they were singing in that stadium. Have you ever seen United win the league? I left that ground, walked across Stanley Park and it’s probably my worst moment as a United fan, and I really really thought that United would never win the league. Obviously, thanks to Ferguson who the question is about, United became a winning machine, he was a brilliant football manager, in many ways a brilliant person but he could be a hard bastard sometimes, he did things I didn’t like. Sometimes with the treatment of the media, I didn’t agree with him when he welcomed the Glazers in, that wasn’t reflected of the mood in Manchester but I can see why he did it, I don’t agree with his reasons but I can understand him.

FI (mark)

8. Do you still oppose the Glazers and what do you think of fan – owned football clubs?

– I can’t see how any club which is allowed to be taken over without highly leverage buy – out, I can’t see how that is a good thing. I am more for more involvment with supporters but I am not naive, people say to me how Barcelona is perfect, is not perfect. There is many problems, but their model is fundamentally better than Manchester United model, where you have an American family with basically no previous interest in football is allowed to pull up a little bit of their money, and take a huge morgage and buy a club, I don’t think that’s good. However, they have stayed around, their model has been a succesful one. The amount of interest United have paid off is staggering, is horrible. But the Glazers have been very very succesful with their commercial deals, annoingly according to somebody I know. United is still a commercial role model because of how good they are, that money comes in and a lot of that goes to paying off interests and debts, a lot of it also goes to buying world class footballers now, so they are probably in a stronger position now, than they were five years ago and if you would have asked me the question five years ago I would have been probably a lot stronger in my answer. I am not saying I think they’re great, at all, but they have been there 10 years, pretty stable and the club have been succesful upon till Sir Alex Ferguson left.

9. United We Stand fanzine. Tell us about it, how did you come up with the idea? Are you happy with the cult that it has achieved?

– I am verry happy, I started when I was 15 and 25 years later not only the Liverpool have not won the league but UnitedWeStand will still be going. We have a great group of people writing about it, a great group of guys selling it, a great group of writers. I think it’s well respected, we have good interviews, I really enjoyed being part of it. I worked very very hard and so did people involved. I think we are the best selling fans in Britain, a website which goes well, the forum. I say to people, we put hundreds of hours in each issue, you have to buy it I can’t give away for free. You have to buy it with a thing called money, and with that money I can pay the people involved in it. I would like to think that shows in the quality, when we print it the printbulids are not for free. So in the internet area it’s been chalenging but we are doing okay, we say to people look, if you want to read blogs for free there is millions of them but if you read what we do, you will find something that you didn’t know about United, you will find some good original information and articles and interviews. And we can afford to be a little bit leftfield, in the current edition there is a big interview with Jamie Carragher. He is a big Liverpool man but he is interested and intelligent, and he does not always say what people wanna hear but so what, it comes across well.

10. Have we started adjusting to Louis van Gaal’s philosophy and what does the recent good run of results mean?

– I think that Van Gaal’s philosophy, that word philosophy is becoming overused this year but he has very clear ideas of what he wants, and we started to see more evidence of that. It’s surprised a lot of United fans because this season was pretty poor until the Tottenham game and then the wins against City and Liverpool were fantastic, football’s been really good, results have been good, there is a lot of good will towards Van Gaal. I think his aim this year was finishing in the top 4 and getting United in the Champions League and he’s been on target for that. Pretty much most of the time, he doesn’t have a fixed philosophy and United have changed the system several times this year but he seems that the system which has been winning the games against Liverpool, it seems to be working. So, I think the longer Van Gaal stays the better United will be come. Because he has been succesful at his over clubs, he does have money, in the most football clubs the big problem is that they don’t have money. United have a lot of money, so he can buy the players he wants, this summer he can have time to prepare. So last year, the suggestions made to him were, so I am confident he will do well and i quite like his style, his perfect english, his personality comes across quite well, he’s not had big disasters with the media which he has had at other clubs. But if United are fourth next season than pressure will start to build on him, but I think he can, I think we have seen enough in the last few week to give us encouragment.

11. Do you think with a good transfer period this summer we can be serious title contenders next season?

– Yes, and if he spend enough money he should be a title contenders. He will have time, he’s got experienced players, I think United should be challenging for the title next season, absolutely and also getting back on track in Europe. Now it’s a Cup Competition the Champions League, but United by Christmas should be through the group stages of the Champions League and they should be title contenders, and I don’t think that’s being greedy, that’s realistic. Look at the players who’ve been bought, but also Di Maria, Falcao it shows that money just doesn’t buy you success, they have been disapointment and I wanted to work out for both of them but they have been disapointing.

12. Can you shed some light on the future of our Dave? De Gea is yet to sign a new deal and Madrid is definitely circling around. If he leaves, should we stick to Victor Valdes as our no. 1 or we should sign a new goalkeeper?

– Well I think if De Gea leaves United will sign somebody else, Victor Valdes is a very good goalkeeper, I saw a lot of him at Barcelona, I interviewed him, he is hugely experienced, 33 is fine for goalkeeper. I don’t want to see De Gea leave, he is probably the best goalkeeper in the world at the moment with Manuel Neuer. The problem will be keeping De Gea here and is pretty hard, because he is from Madrid, he is Spanish, his family leave in Madrid, his girlfriend is there, Real Madrid are from Madrid, it’s very very difficult to keep him away from that if they come in for him, as I am told that they will do. I would be very very surprised but not stunned, but very surprised if De Gea was in Manchester in three years time. But football is a strange things, Victor Valdes was planing to go to Monaco and than he did his crucial ligament so things can change and turn around pretty quickly.

13. Do you think there is any possibility to use David De Gea and bring back Ronaldo to Old Trafford, or maybe Raphael Varane or Gareth Bale?

– There is always possibilities, fans look at these different potential combinations. It’s not quite so simple, people say we don’t really need him so we can give him and maybe if throw a little bit of Chicharito, you have to consider the feelings of humans, they have contracts, there is always complications. In one hand you say Bale for De Gea, but Bale has done good in Spain, not done great but he has done well. He is seen as being one of presidents men, personal signing of Florentino Perez, he doesn’t want to see Bale consider to be a failure. After two seasons in Spain, I don’t think he has done well enough to say he has been a success, there were some great moments but after three seasons you could probaly say, I went to Spain, I played three years I did well.

14. What do you think about Wayne Rooney as a captain?

– Well I know that the players like him, so that’s very important. I think he has matured a lot, he is good with the players, he knows they look up to him, he knows that they come to him for an advice. I think he is a good captain for Manchester United, even though he is from Liverpool, I don’t have any real problems with Rooney being captain even though the fact he tried to leave twice isn’t great but I think he is settled now in Manchester and happy where he is.

15. Finally, tell us first hand, is Manchester really red?

– Yeah, I think Manchester is probably 3/4 United, and you look to Greater Manchester the population of 2.5 million people. Definitely, far more United fans there, there are little pockets where City are more popular. Parts of Themes side where City are more popular, and I am not saying this to generate City because City are a very big club. They are a massive club, and their average crowd this year is 47.000, I can’t laughter off and pretend they doesn’t exist because they are one the top 20 supporting clubs in the world. And even when City were in the 3rd divison they had some really big crowds, but walk around Manchester on saturday night for people to say that City is somehow the true club of Manchester, my answer to that is, that’s absolute bollocks, it’s not true.

________________________________________________________________________________________________

Поминавме околу четири часа со Енди Митен и слободно можеме да кажеме дека во овие моменти научивме многу за Манчестер Јунајтед и општо за фудбалскиот свет. Имавме огромна чест да запознаеме еден новинар кој известува за најголемите клубови во светот како Манчестер Јунајтед и Барселона. Сега и ние сме дел од UnitedWeStand, а притоа тука не завршува оваа приказна бидејќи закажавме нова средба следната година, но тогаш ние ќе бидеме гости, најверојатно во Барселона!

Филип Мишов

*Копирање или преземање на материјал е најстрого забрането без одобрување од редакцијата на нашиот сајт.

Коментари

коментари